Историска одлука, 34,5 милиони евра за современиот кампус на УМТ

Новости
Отпочнувањето на процедурите за изградба на овој Универзитетски кампус од страна на новата Влада е повеќе од неопходно и од особено значење, историски чин за создавање на најдобри можни услови за нашите млади
Историска одлука, 34,5 милиони евра за современиот кампус на УМТ
03.09.2024
Зелено светло за отпочнување на постапките за изградба на Универзитетскиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Скопје, 03.09.2024,  Владата на Република Северна Македонија на денешната седница даде зелено светло за отпочнување на постапките за изградба на Универзитетскиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, капитален проект од 34,5 милиони евра.

Веста на денешната прес-конференција ја соопшти првиот вицепремиер Изет Меџити, кој ја оцени оваа одлука за историска. 

"Донесовме историска одлука за изградбата на Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје во вредност од 34,5 милиони евра, како симбол на нашата визија за посветла иднина на младите и на нашата држава“, рече Меџити, додавајќи дека со децении, генерации сонувале за ваков едукативен центар кој ќе го збогати не само знаењето, туку и духот на цел еден народ, а денес тој сон станува реалност", рече Меџити.

Меџити рече дека отпочнувањето на процедурите за изградба на овој Универзитетски кампус од страна на новата Влада е повеќе од неопходно и од особено значење, историски чин за создавање на најдобри можни услови за нашите млади и за нивно задржување во татковината.

Првиот вицепремиер Изет Меџити информираше дека на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се запишани речиси 5.000 студенти на прв и втор циклус, а според него овие девојки и момчиња од цела држава одлучиле да ја изградат академската кариера во главниот град, можат да се пофалат со модерен кампус.

Видео
Submitted by alfa4 on 03.09.2024 - 09:13