Јавна расправа по Студија за ОВЖС по проект

Announcements
Информација за одржување на јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект Постројка за третман на автомобилски и комерцијални отпадни масла во општина Сарај, Скопје, за потребите на инвеститорот ДТУ “БИС ОИЛ“ ДОО од Скоп
03.09.2024
Информација за одржување на јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект Постројка за третман на автомобилски и комерцијални отпадни масла во општина Сарај, Скопје, за потребите на инвеститорот ДТУ “БИС ОИЛ“ ДОО Скопје

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 187/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 99/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 89/2022 и 171/2022) ја известува заинтересираната јавност дека ДК “ЕКОТОПИА“ ДООЕЛ од Скопје за потребите на инвеститорот ДТУ “БИС ОИЛ“ ДОО од Скопје ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот - Постројка за третман на автомобилски и комерцијални отпадни масла во општина Сарај, Скопје.

Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот - Постројка за третман на автомобилски и комерцијални отпадни масла во општина Сарај, Скопје ќе се одржи на  11 Септември 2024 година (среда) во салата на Советот на општина Сарај со почеток во 11:00 часот.

 

Контакт лица:
Управа за животна средина - Министерство за животна средина и просторно планирање
infoeko@moepp.gov.mk
по пошта на адреса: плоштад Пресвета Богородица  бр.3, 1000 Скопје

ДТУ “БИС ОИЛ“ ДОО од Скопје - седиште ул. “1712“  бр. 31, Глумово, Сарај
Имер Селмани; е-маил: imer.selmani@bisoil.com.mk

Submitted by almin on 03.09.2024 - 14:27