1. Што се случува?
Промените во природните екосистеми се перманентни. Процесите не се следат континуирано затоа изготвенo и донесеno eУпатство за начинот на вршење теренска опсервација, инвентаризација и мониторинг на биодиверзитетот и живеалиштата на територијата на Република Северна Македонија со образците за васкуларни растенија, мовови, цицачи, птици, водоземци и влекачи, риби и ракови, без’рбетници, габи и лишаи, како и образците за шуми и други шумски живеалишта, отворени живеалишта (тревни површини, вриштини и грмушна вегетација) и мочуришни живеалишта (тресетишта, блата, езера и реки).
Сепак при изготвување студии и елаборати за оценка на влијанијата од проекти врз животната средина (EIA), се изготвуваат и поглавја за оцена на тие влијанија врз природата и дел врз биодиверзитетот. Во тек е завршната фаза за донесување нов Закон за природа со јасно дефинирани цели, активности и мерки за зачувување на природните екосистеми и типовите живеалишта и диви видови од национално, европско и меѓународно значење. Со реализираните програми и проекти за мониторинг на неколку диви видови растенија, габи, животни и птици од национално и европскто значење кај водни, блатни, тревести, шумски и планински екоситеми забележани се промени кои негативно влијаат врз зачувување на живеалиштата и доведуваат до нивна фрагментација и намалување на ареалите и бројот на популациите кај дивите видови. Собирањето диви видови растенија, габи, лишаи и животни од природата за комерцијални цели, се врши со обучени собирачи и со издадени дозволи за собирање, од МЖСПП. Согласно национлано законодавство донесена е Наредба за ограничување на собирање на растителниот вид Мечкино грозје заради користење и трговија (Службен весник на РСМ бр.201/21). Со тоа ќе се овзможи oдржливо собирање на ова растение, врз основа на извршена теренска проценка на популациите на видот на национално ниво.
2. Зошто се случува?
Промените во природните екоситеми се условени како од биотските така и од абиотските фактори. Дополнителни нарушувања кај природнете екоситеми се регистрирани од антропогените влијанија. Главни сектори кои имаат негативни влијанија врз придосните екосистеми и посебно врз загрозување на опстанокот на дивите видови се: енергетскиот, шумарскиот, земјоделскиот, како и изградбата на инфраструктурни и други индустриски и урбани комплекси. Главните притисоци во последнава деценија се кај водните екосистеми, посебно сливовите на поголемите реки, но и зафаќање на води од помали водотеци во планински екосистеми за проидзодство на електрична енергија. Влијанија се регистрирани и кај тревестите екосистеми и заедници со депопулација и намалување на сточниот фонд кај руралните подрачја, и нивни промени со ширење на инвазивно растителни видови (сукцесија).
Поради неоджливо управување со шумите, регистрирани се појави на ерозија на земјиштето, а со тоа и губење на вегетацијата. Исто така, шумските пожари имаат негативно влијание врз стабилноста на шумските екосистеми. Исто така и климатските промени се повеќе негативно се одразуваат врз стабилноста на природните екосистеми и врз структурата на видовите. Најизразени се промените кај водните екосистеми, пред се влажните живеалишта, блатата и тресетишатата,, затоа што со нарушување на режимот на водите во нив се губат значајни вегетациски заедници, ендемични и ретки диви видови растенија и животни.
3. Дали имаме национална цел?
Националните цели за заштита на природата и зачувување на биолошката разновидност се утврдени со Законот за заштита на природата. Истите се подетално разработени со неколку стратешки документи и тоа: Национална Стратегија за заштита на природа со Акционен План (2017-2027), Национална Стратегија за биолошка разновидност со Акционен План (2018-2023), Национална Стратегија за одржлив развој, Стратегија за просторен развој на МК и други документи.
Во Национална Стратегија за биолошка разновидност се издвоени 19 национални цели за зачувување на биолошката разновидност кои се усогласени со глобалните цели за биодиверзитет на ООН (Аичи цели БД) и Европската Стратегија за зачувување на биолошката разновидност.
4. Дали националната цел е постигната?
Врз основа на направените експертски анализи вклучени во тимовите за изготвување на Национална Стратегија за заштита на природа, како и Национална Стратегија за биолошка разновидност, констатирано е дека националните цели на МК утврдени со Законот за заштита на природата и НСБРАП до 2020 година, со пресек до 2015 година, целосно не се постигнати. Имено, анализата покажа дека сеуште не се зајакнати капацитетите на локално, регионално и национално ниво, а и националната еколошка свест за заштита на природата и биолошката разновидност сеуште е на ниско ниво. Глобалната и регионалните економски кризи, како и последиците здравственатаљ криза предизвикана од COVID 19 имаа и сеуште имаат големо влијание врз обезбедување финансиски ресурси за реализирање програми и проекти за заштита на природата и биолошката разновидност во регионот и во државата. Во тек е нов процес на глобално ниво за оформување нови цели за зачувување на биолошката разновидност за следната декада. Ќе се изготви и нова Европска стратегија за биодиверзитет (2021-2030). Следствено на тоа ќе се усогласат и националните цели на државата за заштита на природа и биолошката разновидност во Законот за природа и во националните стратегии.
5. Клучни пораки за темата
Во периодот од 1995 до 2004 година заштитата на природата и биолошката разновидност беше регулирана во Законот за заштита на животната средина и природата. Во 2004 година беше донесен посебен закон за заштита на природата. Во периодот од 2004 до 2018 година Законот за природа беше често менуван и дополнуван. Исто така се донесоа сетови со подзаконски акти за одржливо користење на приодни ресурси, вклучително и за собирање на диви видови растенија, габи и животни од природата и промет со засегнати и заштитени диви видови. Донесени се и правилници како што се: Листи за утврдување на строгозаштитени и заштитени диви видови, Правилник за евиденција за заштита на природата, Правилник за содржината на студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје , Правилник за содржината на плановите за управување со заштитени подрачја и годишните програми за заштита на природата и Правилник за издавање дозвола за спроведување на научно истражување во природата.
Министерството за животна средина и просторно планирање спроведува континуирани активности за зголемување на процентот на заштитени подрачја, кои моментално зафаќаат околу 13,9 % од националната територија.
6. Кои активности се/треба да се превземат?
Во процедура на интерно и интерсекторско усогласување е новиот Закон за природа по што ќе следи постапка за негово донесување. Со законот ќе се овозможи целосно транспонирање на одредбите од ЕУ директивите и регулативите од областа на заштита на природата.
Во Источно Плански регион селектирани се три потенцијални подрачја (Овче Поле, Долна Брегалница и Малешевски планини) за идни Натура 2000 подрачја и за две од нив се изработени Стандардни формулари за Натура 2000. Одржани се работилници со засегнатистрани за значењето на Натура 2000 и спроведена кампања за Натура 2000 во Источно Плански регион.
Во соработка на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) со УНЕП, Канцеларијата на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (ECARO), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), национални и меѓународни експерти, применувајќи ги критериумите на IUCN изготвени се Национални Црвени листи за херпетофауна (водоземци и влекачи), габи и за пет селектирани видови на цицачи (рис, мечка, видра, волк и чакал) и утврден е конзерваторскиот статус за 14 виши васкуларни растенија од национално и европско значење и изготвена е Приоритетна листа на таксони на флората на национално ниво како основа за понатамошна селекција и утврдување на конечна листа со приоритетни таксони за Црвената листа на флората на државата. Националните Црвени листи се поставени на веб страницата на МЖСПП сhttp://redlist.moepp.gov.mk/pocetna/
Во рамки на проектот Програма за градење на капацитетите на биолошката разновидност, поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) согласно методологија и критериуми на IUCN во соработка на МЖСПП и ЕБОР, IUCN ECARO како и национални експерти изготвени и промовирани се национални црвени листи за габи и крупни ѕверови (мечка, рис, волк, видра и шакал).
http://redlist.moepp.gov.mk/species-summary-page/#mammals, http://redlist.moepp.gov.mk/species-summary-page/#fungi
Изготвен е Шестиот национален Извештај кон Конвенција за биолошка разновидност (CBD) и истиот е доставен до Секретаријатот на Конвенцијата.
Министерството за животна средина и просторно планирање активно учестсвува во ЕУ проектот: Програма за партнерство во животната средина на ЕУ за пристапување (ЕППА) преку работна група за природа за теми поврзани со шумарство, инвазивни видови, развој на зелена инфраструктура и еколошка поврзаност на заштитените подрачја. Со тоа државата се вклучува во тековните активности да се помогне во спроведувањето на елементите за биолошка разновидност на Европскиот зелен договор и усогласување со предлозите на ЕУ за глобалните цели за биодиверзитет во 2020 година што треба да бидат одобрени на КОП 15 од Конвенцијата за биодиверзитет.
Извршена е селекција на екосистемите и нивно мапирање на цела територија на земјата, утврдена е состојбата на екосистемите и екосистемските услуги што можат да ги дадат екосистемите. Во тек се актвности за изработка на механизам за плаќање на екосистемски услуги и негово тестирање во Споменик на природа Вевчански Извори. Изготвена е брошура за екосистемски услуги и се спроведуваат тренинг обуки за засегнатите страни во рамки на долгорочниот план за јакнење на капацитети за сите засегнати страни за екосистемски услуги.
Во соработка на МЖСПП со Фармахем и национални и меѓународни експерти изработена е Студија за изводливост за воспоставување на центар за згрижување на повредени и запленети диви животни во Република Северна Македонија со што ќе се одговoри на барањата на CITES конвенција како и регулативата на ЕУ за регулирање на прометот со диви растителни и животински видови.
Направен е значаен напредок во процесот на хармонизација со ЕУ Директивите за живеалишта и птици, односно Натура 2000. Вкупната површина на дванаесетте (12) идентификувани идни Натура 2000 подрачја е 1756,45 км2 или 175645 ha. Тие опфаќаат околу 6,8 % од територијата на земјата.
Во интерес на секоја земја заради социо-економски развој е да се прогласуваат повеќе заштитени подрачја. Во светот е докажано дека економската моќ на земјите е многу поголема, доколку заштитените подрачја се користат рационално и одржливо. Соодветното користење на екосистемските услуги што ги пружаат заштитените подрачја се од големо значење за локалното население и локалната економија. Концептот на заштитени подрачја, нивното соодветно управување и развојот на плаќањето на екосистемските услуги се важни за воспоставувањето на модел за одржливо користење на природните ресурси, но и одржување на екоситемите.
Во таа насока направен е значителен напредок во спроведувње на постапките за прогласување на нови заштитени подрачја. Согласно Законот за заштита на природата донесена е Одлуката за прогласување на дел од Осогoвските Планини за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел (Службен весник на РСМ бр.277/20), а дел од Шар Планина беше прогласен за заштитено подрачје во категорија II – Национален парк (Службен весник на РСМ бр. 151/21). Исто така, планината Водно беше прогласена за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел (Службен весник на РСМ бр.195/21) и дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел (Службен весник на РСМ бр.286/21). Со тоа процентот на заштитени подрачја е зголемен од 8,9% на 13,9 % од територијатна државата. Со тоа е направен прогрес и надминат е предвидениот процент на заштитени подрачја од 11,5% од територијата на држава, што бил утврден до 2020 година во Секторската студија за заштита на природното наследство, које е изготвена за потребите на Просторниот План на државата (2004).
Поради горенаведеното од страна на ЕУ во извештаите за прогресот на државата кон ЕУ за делот заштита на природата нотиран е значаен прогрес во последните неколку години
Прекуграничната соработка за заштита на природата е унапредена во рамки на Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ), при што беа опфатени заштитените подрачја (НП Пелистер, НП Галичица, СП Преспанско Езеро и Парк на природа Езерани.)
Охридско Езеро и Студенчишко Блато се вклучени на Светската Листа на Рамсарската конвенција како ново рамсарско место во државата.
Локалитетот Длабока Река во НП Маврово е вклучен на Прелиминарната листа на УНЕСКО за стари букови шуми.
МЖСПП спроведува постапка за прогласување налокалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV- Парк на природа и за Кањон Матка во категорија III – Споменик на природа.
Согласно Законот за заштита на природа извршена е ревалоризација на споменикот на природата – Платанови стебла во Охрид (вклучува 6 стари платанови стебла-чинари). Врз основа на изготвени елаборати за наведените стебла, како природни реткости во Охрид прогласени се: Чинар – Пензионерско, Чинар – Влашка Маала, Чинар во централно градско подрачје на општина Охрид, Чинар – Воска, Чинар – Кошишта и Чинар пред зградата на Црвен Крст. Исто така и стеблото од Кочеџик во дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта- Охрид е прогласено за природна реткост. Службен весник на РСМ бр. 141 од 24.06.2021 и бр.143 од 28.06.2021
Продолжија активностите за валоризација на природното наследсто. Изготвени се Студија за валоризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина, Студија за валоризација на Споменик на природата Охридско Eзеро и Студија за валоризација за Белчишко Блато.
Подобрено е управувањето со заштитените подрачја преку изработка и донесување на планови за управување. Изработени и донесени се плановите за управување со Национален парк Пелистер (2021-2030), Национален парк Галичица за период 2021-2030 година и Заштитен предел Осоговски планини (2022-2031) Планот за управување со Национален парк Шар Планина е во завршна фаза за донесување. Изготвен е Нацрт-План за управување со Споменик на природа-Охридско Езеро, како и нацрт-планови за управување со спомениците на природата Преспанско Езеро и Маркови Кули.
Донесено е решение за привремена заштита на Студенчичко блато како идно заштитено подрачје.
Донесена е Одлука за основање на Јавна Установа Национален парк Шар планина (Службен весник на РСМ бр.175/21). Јавната установа е во фаза на доекипирање и почна да управува со Националниот парк Шар Планина.
Со цел понатамошно исполнување на обврските од националната легислатива за заштита на природата, ратификуваните меѓународни договори и ЕУ директивите и регулативите за областа заштита на природата, пред се Директивите за живеалишта и птици, односно спроведување на идентификација на подрачја за Натура 2000 мрежата на национално ниво, неопходно е формирање стручна институција- Агенција/или Завод за заштита на природата, негово кадровско екипирање, како и спроведување обуки за имплементација на националната и ЕУ легислативата за природа и зачувување на биодиверзитетот. Исто така потребно значајно зголемување на финансиските средства од државниот буџет со цел реализирање на програми, стратегии и проекти за заштита на природата и биолошката разновидност и управување со заштитени подрачја.