Индикаторот ја покажува моменталната состојба на транспозиција и имплементација на Директивата за живеалишта (92/43 / ЕЕЗ) и Директивата за птици (79/409 / ЕЕЗ и 2009/147/EC) преку процентот на вкупна површина на идентификувани идни НАТУРА 2000 подрачја во земјата.
- Број на подрачја, ha, km2 и %.
Каков е прогресот во процесот на идентификацијата на потенцијални идни Натура 2000 подрачја преку имплементација на европското законодавство од областа на заштита на природа, поточно Директивата за живеалишта (92/43 / ЕЕЗ) и Директивата за птици (79/409/ЕЕЗ и 2009/147/EC) на национално ниво?
Се очекува позитивен тренд на површината на идентификуваните потенцијални Натура 2000 подрачја и зголемување на бројот на изготвени стандарди податочни формулари (Standard Data Formular-SDF) за овие подрачја на национално ниво, преку имплементација на националното законодавство за заштита на природа и негова понатамошна хармонизација со Европското законодавство за заштита на природа.
Директивите на ЕУ за живеалишта и птици имаат за цел да ги зачуваат природните живеалишта и дивата фауна и флора во рамките на Европската Унија.
Воспоставувањето на Натура 2000 подрачја согласно Директивите на ЕУ е директен одговор на загриженоста за загубата на биолошката разновидност. Зголемувањето на површината на Натура 2000 подрачјата е вреден показател за залагање за зачувување на биолошката разновидност и намалување на нејзината загуба.
На национално ниво, процесот на идентификација на идни Натура 2000 подрачја започна во 2016 година и сеуште се одвива.
Согласно барањата на Директивите за живеалишта и птици во периодот 2016-2020 година, дванаесет (12) подрачја беа идентификувани како потенцијални идни Натура 2000 подрачја во земјата.
Со цел да ја заштити својата природа, Европската Унија (ЕУ) има воспоставено еколошка мрежа, наречена Натура 2000, која е најголемата координирана мрежа на заштитени подрачја во светот.
Таа опфаќа повеќе од 18% од копнената и приближно 6% од морската територија на ЕУ.
Целта на мрежата Натура 2000 е да се обезбеди долгорочен опстанок на највредните и загрозени видови и живеалишта во Европа, наведени во двата главни правни акти за заштита на природа на ЕУ, Директивата на ЕУ за птици и Директивата на ЕУ за живеалишта. Директивите на ЕУ за живеалишта и птици имаат за цел да ги зачуваат природните живеалишта, дивата фауна, флора и дивите птици во рамките на ЕУ.
Натура 2000 мрежата вклучува два вида на подрачја: Посебни заштитени подрачја (Special protected areas-SPA), кои се воспоставуваат во согласност со ЕУ Директивата за птици и Посебни подрачја на зачувување (Special areas of conservation-SAC) во согласност со ЕУ Директивата за живеалишта.
Земјите кандидати за ЕУ изготвуваат листа на предложени области за Натура 2000 за да станат дел од оваа мрежа. Откако земјата станува членка на ЕУ, тие се предмет на одобрување од страна на Европската комисија и стануваат официјален дел на Натура 2000 мрежата. Национално заштитените подрачја, исто така може да бидат прогласени и како Натура 2000 подрачја, бидејќи во нив постојат живеалишта и видови кои исто така, се и од европско значење.
Член 52 од Законот за заштита на природата пропишува дека еколошки важно подрачје за Европската унија – Натура 2000 е подрачје кое е важно за зачувување на диви видови птици и други диви видови на растенија и животни и нивни живеалишта, како и видови на живеалишта кои се прогласени за загрозени и / или заштитени на ниво на ЕУ.
Владата на Република Северна Македонија, по предлог на министерот кој раководи со државната управа надлежна за работите од областа на заштитата на природата, го утврдува предлогот на еколошките значајни подрачја за Европската унија – Натура 2000 и целите за зачувување, начинот на нивното управување на националната територија, мониторингот и други правила неопходни за нивна заштита во согласност со одредбите на овој закон.
Управувањето со еколошки значајните подрачја за Европската унија-Натура 2000 ќе обезбеди зачувување и подобрување на карактеристиките важни за зачувување на поволнa состојба на типот на живеалиштето или на дивите видови.
Националните цели, мерки и активности за идентификација на Натура 2000 се вклучени во Стратегијата за биолошка разновидност соакциониот план за период (2018-2023) и Националната стратегија за заштита на природата со Акционен план (2017-2027).
МЖСПП е надлежен државен орган за воспоставување, развој и имплементација на Натура 2000 мрежата на национално ниво и го води и координира целиот инвентар и селекција на подрачја за оваа еколошка мрежа.
МЖСПП треба да го подготви списокот на предложените подрачја за Натура 2000 во соработка со научни институции и експерти. Владата треба да го усвои списокот со подрачја за Натура 2000.
На национално ниво, процесот на идентификација на идни Натура 2000 подрачја започна во 2016 година и сеуште се одвива.
Во текот на 2019 година во рамки на ЕУ Твиниг проект со помош на меѓународни експерти беа ревидирани и дополнети формуларите (SDF) за две заштитени подрачја, Споменик на природа – Преспанско Езеро и Национален Парк Пелистер и беше изготвен нов SDF за островот Голем Град, кој административно припаѓа на Национален Парк Галичица. Површината на Островот Голем Град како идентификувано подрачје изнесува 20 ha.
Во 2018 и 2019 година, МЖСПП во соработка со национални експерти од областа на биологијата, екологијата и шумарството, по собраните податоци од целокупната литература и теренските истражувања извршени во рамките на Источниот плански регион, идентификуваше пет потенцијални области на Натура 2000 (Овче Поле, Долна Брегалница, Плачковица, Осоговски Планини и Малешевските Планини). Селектирани се три подрачја (Овче Поле, Долна Брегалница и Малешевските Планини) за кои во текот 2020 година беа изготвени комплетни стандардни податочни формулари за две идни потенцијални НАТУРА 2000 подрачја: Долна Брегалница и Малешевски Планини.
Од дванаесетте идентификувани идни Натура 2000 подрачја, пет се предложени како потенцијални Посебни заштитени подрачја (SPA), опфаќајќи ја притоа и Долна Брегалница согласно Директивата за птици. Долна Брегалница воедно е предложена и како Посебно подрачја за зачувување (SAC) согласно Директивата за живеалишта.
Како Посебни подрачја за зачувување (SAC) се предложени седум подрачја, согласно Директивата за живеалишта, со вкупна површина како што е подолу наведено :
- Дојранско Езеро (SPA) – 2692 ha
- Охридско Езеро (SPA) – 24 745 ha
- Преспанско Езеро (SPA) – 19 849 ha
- Остров Голем Град (SPA)-20 ha
- Маврово (SCI)- 14 813 ha
- Пелистер (SCI) – 14 853 ha
- Галичица (SCI) – 6883 ha
- Јакупица (SCI) – 16 143 ha
- Овче Поле (SCI) – 2582 ha
- Пештера Убавица (SCI)- 1806 hа
- Малешевски Планини (SCI) – 6013,8 ha
- Долна Брегалница (SCI) и (SPA) 11121.0 ha
Вкупната површина на дванаесетте (12) идентификувани идни Натура 2000 подрачја е 1756,45 км2 или 175645 ha. Тие опфаќаат околу 6,8 % од територијата на земјата.
Слика 1 – Дистрибуција на десетте предложени идни подрачја за Натура 2000 со подготвени СДФ
Извор: MЖСПП, 2017
За 12-те предложени идни НАТУРА 2000 подрачја изготвени се 14 стандарди податочни формулари, со тоа што за идентификуваното подрачје Национален Парк Маврово изготвени се посебни 3 формулари: Маврово 1, Маврово 2 и Маврово 3.
Дополнително како подрачја со висок природен потенцијал беа идентификувани:
- Мариово
- Кожуф
- Шар Планина
Слика 2- Карта на идни идентификувани НАТУРА 2000 подрачја и подрачја со висок потенцијал
Извор: MЖСПП, 2017
Предложените подрачја за Натура 2000 не се законска обврска се до пристапувањето на земјата во ЕУ, а во иднина потребни се континуирани теренски истражувања за идентификација на живеалишта, растенија, животни и птици од значење за ЕУ.
Процесот на идентификација на потенцијалните подрачја за Натура 2000 бара вклучување на сите релевантни институционални капацитети (државни органи, научни институции, индивидуални експерти за живеалишта и за различни таксономски групи на растенија и животни и птици, невладини организации, итн.).
За да се обезбеди позитивен тренд на овој индикатор на национално ниво, потребно е да се забрза процесот на идентификацијата на живеалиштата, растителните и животинските видови и птиците согласно барањата на ЕУ Директивите за хабитати и птици.
Исто така, потребно е постојано ажурирање на Нацрт-националната референтна листа на живеалишта од Анекс I од Директивата за живеалишта, нацрт листата на видови на растенија и животни, наведени во Анекс II од Директивата за живеалишта за секој од двата биогеографски региони (континентален и алпски) и ажурирање на нацрт списокот на видови птици од Анекс I од Директивата за птици.
Во насока на поефективна идентификација и понатамошно воспоставување на НАТУРА 2000 изготвен е Каталог на типови живеалишта од европско значење на национално ниво.
Табела 1: Идентификувани НАТУРА 2000 подрачја со површини во km2 во период од 2016-2020 година
Идентификувани НАТУРА 2000 подрачја на територијата на МК | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 |
Дојранско Езеро (SPA) | 26,92 | 26,92 | 26,92 | 26,92 | 26,92 |
Охридско Езеро (SPA) | 247,45 | 247,45 | 247,45 | 247,45 | 247,45 |
Преспанско Езеро (SPA) | 198,49 | 198,49 | 198,49 | 198,49 | 198,49 |
Маврово (SCI) | 148,13 | 148,13 | 148,13 | 148,13 | 148,13 |
Пелистер (SCI) | 148,53 | 148,53 | 148,53 | 148,53 | 148,53 |
Галичица (SCI) | 68,83 | 68,83 | 68,83 | 68,83 | 68,83 |
Јакупица (SCI) | 161,43 | 161,43 | 161,43 | 161,43 | 161,43 |
Овче Поле (SCI) | 25,82 | 25,82 | 25,82 | 25,82 | 25,82 |
Пештера Убавица (SCI) | 18,06 | 18,06 | 18,06 | 18,06 | 18,06 |
Oстров Голем Град (SPA) | 0,2 | 0,2 | |||
Долна Брегалница (SCI, SPA) | 111.21 | ||||
Малешевски Планини (SCI, SPA) | 601,38 | ||||
Вкупна површина (km2) | 1043,86 | 1756,45 |
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање
- Методологија за пресметка на индикаторот
Определување на вкупната површина на идни идентификувани НАТУРА 2000 подрачја согласно барањата од Директивата за живеалишта и Директивата за птици се базира на прибирање на податоци од спроведени активности за идентификација на нови подрачја од различни извори и субјекти кои работат на тоа поле.
Индикаторот треба да се следи во период од една година.
Целта на следењето на овој индикатор е да се прикаже напредокот во процесот на хармонизација на националното законодавство и европското законодавство во областа на заштита на природа преку имплементација на одредбите од двете директиви и идентификација на подрачја кои ќе бидат дел од европската мрежа НАТУРА 2000.
- За предложените подрачја непостои законска обврска за известување кон европската комисија и европската агенција за животна средина се до пристапот на земјата во ЕУ.
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
МК НИ 080 Вкупна површина на подрачја идентификувани за НАТУРА 2000 подрачја | EEA – Европска агенција за животна средина | SEBI 008-Sites designated under the EU Habitat and Bird Directive |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | D1/63 – Total protected areas by IUCN categories | |
Каталог на индикатори за животна средина | 123 – Surface of terrestrial sites designated under NATURA 2000 124 – Sites designated under the EU Habitats and Birds Directives |
|
SDG – Цели за одржлив развој | 15 – 15.1.2 Proportion of important sites for terrestrial and freshwater biodiversity that are covered by protected areas, by ecosystem type | |
GGI – Индикатори за зелен раст | не | |
Кружна економија | не |