Одделение за мониторинг на квалитет на амбиентен воздух

Одделение
Управува со Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, кој се состои од 21 фиксна и една мобилна мониторинг станица.
Одделение за мониторинг на квалитет на амбиентен воздух

Одделението за мониторинг на квалитет на амбиентен воздух управува со Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКВ).

ДАМСКВ се состои од 21 фиксна и една мобилна автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух. Фиксните мониторинг станици се поставени во следните градови: пет во Скопје (Карпош, Центар, Ректорат, Лисиче и Гази Баба), две во Битола, по една во Кичево, Велес, Илинден, Куманово, Кочани, Тетово, Кавадарци, с. Лазарополе, Струмица, Гостивар, Гевгелија, Прилеп, Берово и Охрид. Мобилната мониторинг станица се користи за следење на квалитетот на воздухот во помалите градови. Моментално, мобилната станица за автоматско следење на амбиентниот воздух е поставена во Ѓорче Петров (Скопје). Претходно, мобилната станица беше во Бутел (Скопје) и работеше една година во периодот 2018-2019 година.
Основните задачи на одделението се:

  • редовно следење на функционалноста на мерните инструменти;
  • одржување на инструментите, односно редовна замена на потрошните материјали согласно динамиката дадена од производителите на опремата;
  • сервисирање на инструментите;
  • секојдневно следење на податоците добиени од ДАМСКАВ и нивна валидација и верификација;
  • калибрација на анализаторите од мониторинг станиците со цел добивање на веродостојни податоци за квалитет на воздух;
  • калибрација на референтните анализатори од калибрационата лабораторија за квалитет на воздух.

Одделението изготвува информации за состојбата со мониторингот и квалитетот на воздухот. Исто така подготвува дневен, месечен и годишен извештај за квалитетот на воздухот во државата, согласно податоците добиени од ДАМСКВ.

Одделението доставува известување во случај кога ќе забележи надминување на граничните вредности и праговите за алармирање на поедини загадувачки супстанци.
Подетални информации во врска со ДАМСКВ како и состојбата со квалитетот на воздухот во реално време може да најдете на следниов линк: https://air.moepp.gov.mk.

Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30