Во одделението за катастри и моделерање се подготвуваат и одржуваат:
- катастрите за медиумите на животната средина (воздух, вода и бучава) како дел од националниот информативен систем за животна средина;
- моделирање; и
- воспоставуање и одржување на Регистар на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ).
Во однос на катастрите во одделението се вршат и координираат активностите околу одржување и ажурирање на поедините катастри (воздух, вода и бучава) преку :
- идентификација на изворите на загадување;
- идентификација на загадувачките супстанците кои се испуштаат во медиумите на животна средина;
- одредување на количина на испуштени загадувачки супстанци и
- временскиот период во кој настанува загадувањето.
Во однос на моделирањето во одделнието се вршат активности поврзани со моделирањето кое во моментов е воспоставено само во областа на воздухот, поточно воспоставени се два локални дисперзиони модели за стационарни и мобилни извори на загадување и преземање на податоци од регионален прогностички модел од дедициран сервер на Финскиот метеоролошки институт кој ги споделува податоците со нашето Министерство.
Исто така воспоставен е COPERT модел за пресметување на емисии од мобилни извори на загадување – TIER 3.
Во одделението развиени се и капацитети за користење на рецепторни модели за одредување на извори на загадување во фракции на PM честички.
Во однос на Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во одделението се извршуваат активности поврзани одржување и ажурирање на сеопфатна база на податоци за националните емисии и преносот на загадувачите во СРМ. РИПЗ содржи податоци за:
- Постројката и нејзината географска местоположба, вклучувајќи го и речниот басен;
- Сопственик или оператор на постројката задолжен за доставување на податоците;
- Индустриски сектор
- Испуштањето на загадувачи во медиумите на животната средина (воздух, вода и почва);
- Пренесувања на отпад надвор од локацијата и нивно одредиште, како што е соодветно; и
- Пренесувања на загадувачи во отпадна вода надвор од локацијата