Соопштение за јавноста 06.02.2018 година

Соопштенија
имплементацијата на регионалниот проект RIPAP (Regional Implementation of the Paris Agreement)
Соопштение за јавноста 06.02.2018 година
06.02.2018
Ве известуваме дека заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, ќе престојува во Подгорица, Црна Гора во периодот од 7-9 февруари.

Во среда, на 7 февруари заменик министерот Макрадули ќе учествува на средба на претставници на високо ниво за регионална имплементација на Парискиот Договор за клима, а наредните два дена на “Регионалната работилница за Националните системи за инвентари, проекции и политики и мерки”.

Настаните се во рамки на имплементацијата на регионалниот проект RIPAP (Regional Implementation of the Paris Agreement) кој ги поддржува Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово*, Црна Гора, Србија и Турција како корисници во развојот на економии засновани на ресурси со ниски емисии на штетни гасови и градење на климатски отпорни држави.

Проектот е дизајниран да им помогне на корисниците да ги разберат и да делуваат во правец на исполнување на целите на Парискиот договор.

Submitted by alfa4 on 06.02.2018 - 10:00