Новости
Одбележување на светскиот ден на планетата Земја
22.04.2024
„Планетата наспроти пластиката“ е мотото под кое светот оваа година го одбележува 22 Април, светскиот ден на планетата Земја.
Министерството за животна средина и просторно планирање работи посветено на воспоставување на циркуларна економија и одржлив систем за управување со отпад кој подразбира селектирање, намалување на количините на отпад и реупотреба на се она што може да се преработи.
Нека ни е честит Денот на планетата Земја! За почиста животна средина!