Shpallje
17.09.2019
Во периодот од 26-31.08.2019 година во Копенхаген, Данска, се одржа практична обука за изработка на Интегриран извештај и проценки за состојбата на животната средина во организација на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).
На практична обука учествуваше Катерина Николовска, во својство на Национален референтен центар – експерт за изработка на извештаи за состојбата на животната средина.
На обуката имаше презентации од страна на повеќе експерти од Европската агенција за животна средина и професори на факултетот. Презентациите се однесуваа на:
- Принципите, концептот, начинот на оценување и клучните карактеристики на интегрираните извештаи за животна средина
- Унапредување на извештајот од интегриран извештај за состојбата на животната средина во интегриран извештај за одржлив развој на животната средина
- Добри практики на национален интегриран извештај за состојбата на животната средина – Белгија
- Индикаторите како алатка во процесот на подготовка на интегрирани извештаи и поврзаност со целите за одржлив развој