Учество на 21-ви состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA)

Активности
17.05.2019
Во периодот од 05.05.2019 до 09.05.2019 KaterinaNikolovska_zeneva_2019година во Женева, Швајцарија, се одржа 21-ви состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA) во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE). Со состанокот на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина претседаваше Катерина Николовска. Таа е активно е вклучена во работата на Бирото на оваа Група и во тоа својство, ги води потребните активности за развој на Пан-европскиот SEIS, за Република Македонија.
  • На состанокот беа презентирани активностите за споделување и интеграција на економските, социјалните и еколошките податоци во врска со спроведувањето на Агендата за одржлив развој од 2030 година
  • Секретаријатот на WGEMA ги извести членовите на работната група за Заедничкиот информативен систем за животна средина за поддршка на редовниот процес на проценка на животната средина
  • Дадени беа насоки и информации за статистиките и индикаторите за животната средина, кои треба да бидат поврзани со Целите за одржлив развој
  • Напредок во мониторингот и оценувањето на животната средина, вклучувајќи ги институционалните и регулаторните механизми и инфраструктурата на национално ниво
  • Презентирани беа спроведените активности за имплементирање на заедничкиот информациски систем за животна средина од неколку земји во регионоти се дискутираше за онлајн платформата за споделување на избраните индикатори за животна средина
  • Катерина Николовска учествуваше со презентација на коментарите кои се однесуваат на рампака за проценка на имплементација на SEIS
  • Се дискутираше за извештајот што треба да го подготви работната група во однос на SEIS, кој треба да биде презентиран на следната министерска конференција за животна средина.
 
Submitted by almin on 17.05.2019 - 12:14