Индикаторот го претставува создавањето на комунален отпад, изразено во kg на човек. Комунален отпад е отпад што се создава од физички лица од домаќинствата (отпад од домаќинства) и комерцијалниот отпад (отпад создаден од правни и физички лица при вршење на комерцијални, индустриски, занаетчиски, услужни, административни и слични дејности, кој според својата природа или според својот состав е сличен на отпадот од домаќинствата). Отпадот од домаќинствата е отпадот кој секојдневно се собира од домаќинствата, како и посебно собраниот опасен отпад од домаќинствата, кабаст отпад, градинарски отпад и слично.
- Илјади тони (t), Килограм на човек (kg) годишно, процент (%).
Дали се намалува количеството на создаден комунален отпад?
Во однос на комуналниот отпад може да се каже дека создавањето на комуналниот отпад го прати економскиот раст до 2011 година, додека во 2012 година следува пад на економскиот раст, но пораст на создадениот комунален отпад, исто како 2015 и2016 година. Во 2014, 2018и 2021 година количината на создаден отпад се намалува, а бруто домашниот производ расте. Оваа состојба може да се објасни со извесни слабости во процесот на собирање на податоци и информации за комуналниот отпад, односно добивање на нецелосни и непрецизни податоци за количината на создаден комунален отпад од страна на комуналните претпријатија. Воглавно создавањето на комунален отпад го прати економскиот раст и сеуште не е во состојба да се раздвои од истиот.
График 1: Создаден комунален отпад во тони
График 2. Создавање на комунален отпад во kg по жител на година
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Соопштенија на Државниот завод за статистика, Стратегија за управување со отпад на Република Македонија (2008-2020) - МЖСПП, План за управување со отпад на Република Северна Македонија (2021-2031) - МЖСПП, Светска банка.
Количината на создаден комунален отпад како индикатор може да ни покаже во која насока се движи употребата и консумацијата на производи и добра, а посредно укажува и на потенцијалното оптеретување на животната средина. Зголеменото создавање на комунален отпад укажува на зголемена употреба и консумација на производи и добра. Количината на создаден комунален отпад во 2019 година е за 30,7% поголема во однос на истиот во 2008 год.
Согледувајќи го тоа по глава на жител може да се каже дека количината на создаден комунален отпад е за 28,3 % поголема во 2019 год. во однос на 2008 год. Скоро идентична е состојбата и во 2020 год. Во 2021 год. има зголемување на создавањето на комунален отпад по глава на жител. Треба да се нагласи и дека за период 2021-2023 се користени податоци за резидентно население од пописот кој го спроведе Државниот завод за статистика, додека претходните години се користени пресметковни податоци за резидентно население.
Во 2022 се намалува и бруто домашниот производ и количината на создаден отпад, додека повторно во 2023 се зголемуваат и БДП и количината на создаден комунален отпад. Зголемувањето од 2022 до 2023 изнесува 7,7% на создаден комунален отпад по глава на жител. Ова значи дека создавањето на комунален отпад го прати бруто домашниот производ и не може сеуште да се раздвои од истиот.
Имајќи во предвид дека скоро 100% од собраниот комунален отпад се отстранува на депонија, со зголемено создавање на комуналниот отпад потенцијално се зголемува негативното влијание врз животната средина. Ова се случува бидејќи сеуште не е препознаен комуналниот отпад како можен ресурс во нашата земја и сеуште сме далеку од постигнување на целите за зголемување на економскиот раст, а намалување на количеството на создаден комунален отпад
За жал и покрај утврдени конкретни цели во однос на создавање на комуналниот отпад истите не се постигнати.
Видовите на отпад се одредуваат според Листата на видови на отпад 2005. Собирањето на податоци главно се врши преку истражување, проценки, административни податоци. Извештаите се во форма на соопштенија на Државниот завод за статистика, Годишни извештаи за управување со комунален отпад од градоначалниците на општините. Податоците за создавање на комунален отпад ги користиме од Државниот завод за статистика бидејќи работат со репрезентативни примероци и пресметковни методи кои произлегуваат од тие репрезентативни примероци. Репрезентативните примероци сметаме дека се соодветно избрани за комунален отпад поради сличната количина и подвидовите на комунален отпад од различните општини каде се создава комуналниот отпад.
Бруто домашен производ (БДП) е изразен во сегашни милијарди американски долари според податоците на Светска банка.
Општа цел е избегнување и во најголема можна мера, намалување на количеството на создавање на комунален отпад. Управување со отпадот на начин што е прифатлив за животната средина со висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето. Намалување на процентот на биоразградливи состојки во комуналниот отпад со сепарација на истите од останатиот отпад.
Намалување на количината на депонирани биоразградливи компоненти на комунален отпад на годишно ниво, изразено како намалување на процентот на биоразградливи компоненти во комуналниот отпад создаден во 1995 (%) и тоа:
- 25% намалување на биоразградливите состојки во период 2019-2026 год.,
- 50% намалување во период 2019-2031 год.,
- 65% намалување во период 2019-2034 год.,
- EUROSTAT
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
МК НИ 016 Создавање на комунален отпад | EEA – Европска агенција за животна средина | IND -367, CSI 041/ WST 004 Waste generation |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | I1/114 Total waste generation | |
Каталог на индикатори за животна средина | 176 Waste generation | |
SDG – Цели за одржлив развој | 11Sustainablie cyties and communities, 12-Responsivle construction and production 13-Climate action 17 -Partnership for the goals |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |