МК НИ 016 Создавање на комунален отпад

63
МК НИ 016
Создавање на комунален отпад
Дефиниција

Индикаторот го претставува создавањето на комунален отпад, изразено во kg на човек. Комунален отпад е отпад што се создава од физички лица од домаќинствата (отпад од домаќинства) и комерцијалниот отпад (отпад создаден од правни и физички лица при вршење на комерцијални, индустриски, занаетчиски, услужни, административни и слични дејности, кој според својата природа или според својот состав е сличен на отпадот од домаќинствата). Отпадот од домаќинствата е отпадот кој секојдневно се собира од домаќинствата, како и посебно собраниот опасен отпад од домаќинствата, кабаст отпад, градинарски отпад и слично.

Единици
  • Илјади тони (t), Килограм на човек (kg) годишно, процент (%).
Клучно прашање за политиката

Дали се намалува количеството на создаден комунален отпад?

Клучна порака

Во однос на комуналниот отпад може да се каже дека создавањето на комуналниот отпад го прати економскиот раст до 2011 година, додека во 2012 година следува пад на економскиот раст, но пораст на создадениот комунален отпад, исто како 2015 и2016 година. Во 2014, 2018и 2021 година количината на создаден отпад се намалува, а бруто домашниот производ расте. Оваа состојба може да се објасни со извесни слабости во процесот на собирање на податоци и информации за комуналниот отпад, односно добивање на нецелосни и непрецизни податоци за количината на создаден комунален отпад од страна на комуналните претпријатија. Воглавно создавањето на комунален отпад го прати економскиот раст и сеуште не е во состојба да се раздвои од истиот.

 

График 1: Создаден комунален отпад во тони

CSI 016 Otpad2022 MK_g1

 

График 2. Создавање на комунален отпад во kg по жител на година

CSI 016 Otpad2022 MK_g2

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Соопштенија на Државниот завод за статистика, Стратегија за управување со отпад на Република Македонија (2008-2020) – МЖСПП, План за управување со отпад на Република Северна Македонија (2021-2031) – МЖСПП, Светска банка.

Оценка

Количината на создаден комунален отпад како индикатор може да ни покаже во која насока се движи употребата и консумацијата на производи и добра, а посредно укажува и на потенцијалното оптеретување на животната средина. Зголеменото создавање на комунален отпад укажува на зголемена употреба и консумација на производи и добра. Количината на создаден комунален отпад во 2019 година е за 30,7% поголема во однос на истиот во 2008 год. Согледувајќи го тоа по глава на жител може да се каже дека количината на создаден комунален отпад е за 28,3 % поголема во 2019 год. во однос на 2008 год. Скоро идентична е состојбата и во 2020 год. Во 2021 год. има зголемување на создавањето на комунален отпад по глава на жител. Треба да се нагласи и дека за 2021 се користени податоци за резидентно население од пописот кој го спроведе Државниот завод за статистика, додека претходните години се користени пресметковни податоци за резидентно население. Имајќи во предвид дека скоро 100% од собраниот комунален отпад се отстранува на депонија, со зголемено создавање на комуналниот отпад потенцијално се зголемува негативното влијание врз животната средина. Ова се случува бидејќи сеуште не е препознаен комуналниот отпад како можен ресурс во нашата земја и сеуште сме далеку од постигнување на целите за зголемување на економскиот раст, а намалување на количеството на создаден комунален отпад

Во однос на комуналниот отпад може да се каже дека создавањето на комуналниот отпад го прати економскиот раст до 2011 година, додека во 2012 година следува пад на економскиот раст, но пораст на создадениот комунален отпад, исто како 2015 и 2016 година. Во 2014, 2018 и 2021 година количината на создаден отпад се намалува, а бруто домашниот производ расте.

Оваа состојба може да се објасни со извесни слабости во процесот на собирање на податоци и информации за комуналниот отпад, односно добивање на нецелосни и непрецизни податоци за количината на создаден комунален отпад од страна на комуналните претпријатија.

За жал и покрај утврдени конкретни цели во однос на создавање на комуналниот отпад истите не се постигнати.

Методологија

Видовите на отпад се одредуваат според Листата на видови на отпад 2005. Собирањето на податоци воглавно е преку истражување, проценки, административни податоци. Извештаите се во форма на соопштенија на Државниот завод за статистика, Годишни извештаи за управување со комунален отпад од градоначалниците на општините. Податоците за создавање на комунален отпад ги користиме од Државниот завод за статистика бидејќи работат со репрезентативни примероци и пресметковни методи кои произлегуваат од тие репрезентативни примероци и репрезентативните примероци сметаме дека се соодветно избрани за комунален отпад поради сличната количина и подвидовите на комунален отпад од различните општини каде се создава комуналниот отпад.

Бруто домашен производ (БДП) е изразен во сегашни милијарди американски долари според податоците на Светска банка.

Цели

Општа цел е избегнување и во најголема можна мера, намалување на количеството на создавање на комунален отпад. Управување со отпадот на начин што е прифатлив за животната средина со висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето. Намалување на процентот на биоразградливи состојки во комуналниот отпад со сепарација на истите од останатиот отпад.

Намалување на количината на депонирани биоразградливи компоненти на комунален отпад на годишно ниво, изразено како намалување на процентот на биоразградливи компоненти во комуналниот отпад создаден во 1995 (%) и тоа:

  • 25% намалување на биоразградливите состојки во период 2019-2026 год.,
  • 50% намалување во период 2019-2031 год.,
  • 65% намалување во период 2019-2034 год.,
Обврска за известување
  • EUROSTAT
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Отпад Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Економија на животната средина, Кружна економија, Природни ресурси
Код на индикаторот MK НИ 016 Временска покриеност 2003-2021
Име на индикаторот Создавање на комунален отпад Извор на податоци Државен завод за статистика, Светска Банка
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 06.09.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Маргарета Цветковска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: m.cvetkovska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 016 Создавање на комунален отпад EEA – Европска агенција за животна средина IND -367, CSI 041/
WST 004 Waste generation
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа I1/114 Total waste generation
Каталог на индикатори за животна средина 176 Waste generation
SDG – Цели за одржлив развој 11Sustainablie cyties and communities,
12-Responsivle construction and production
13-Climate action
17 -Partnership for the goals
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
23.11.2022