Министерoт за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска заедно со претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за социјална работа, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, беше на посета во скопската населба Хасанбег (Ченто) каде најави наскоро започнување на два капитални проекти за оваа населба.
Со последните две измени на постоечкиот Закон за инспекциски надзор во декември 2024 и јануари 2025 година Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) како и останатите 14 државни инспекторати продолжуваат да функционираат како органи во состав на матичните министерства.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска заедно со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, присуствуваше на започнувањето на целосна реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на улицата Неџат Аголи, во општина Чаир.
Ве известуваме дека утре, петок, 21.02.2025, четврток, со почеток во 11.00 часот, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити ќе присуствува на започнувањето на реализација на водоводна мрежа во улица Неџат Аголи (поранешна ул.Ковачка) во општина Чаир.
Ве известуваме дека утре, 20.02.2025, четврток, со почеток во 09:30, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити ќе учествува и ќе има обраќање на завршниот настан на проектот: „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“.
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека Европската Унија усвои нова Регулативата (ЕУ) 2024/1157 на Европскиот Парламент и на Советот од 11 април 2024 година за пратките на отпад (увоз, извоз и транзит на отпад)