Регионална обука за напредни методи за факторизација на позитивна матрица (PMF) и функции на потенцијални извори на загадување на воздухот (PSCF)

Активности
30.11.2017
logo-iaeaВо организација на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), во периодот од 13.11.2017 до 17.11.2017 година, во Лисабон, Португалија, се одржа Регионална обука за напредни методи за факторизација на позитивна матрица (PMF) и функции на потенцијални извори на загадување на воздухот (PSCF). Оваа регионална обука се одржа во рамките на проектот RER/1/015 „Распределба на извори на загадување на воздухот на регионално ниво“, финасиран од Меѓународната агенција за атомска енергија. Целта на овој настан беше обука на учесниците за користење на напредни статистички алатки кои се користат за определување на извори на загадување на воздухот. Курсот е насочен кон градење и воспоставување на капацитети со цел незвисна интерпретација на националните серии на податоци во поглед на анализа на изворите на суспендирани честички во воздухот.  
Submitted by almin on 30.11.2017 - 13:54