Меџити се сретна со директорот на секретаријатот на енергетската заедница Артур Лорковски

24.02.2025
На барање на директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Г-н Лорковски одржа билатерална средба на која се дискутираше за повеќе прашања, како што се Законот за климатска акција, измените на законот за животна средина, директивата за еколошка одговорност, како и за националниот план за редукција на емисии

Информација до медиуми

24.02.2025
Ја разбираме нервозата на тандемот СДСМ-ДУИ, што доаѓа по последователните скандали кои секојдневно се откриваат, а кои го изнесуваат на виделина нивното катастрофално владеење.

Каналот и детската градинка во Хасанбег стануваат реалност!

24.02.2025
Министерoт за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска заедно со претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за социјална работа, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, беше на посета во скопската населба Хасанбег (Ченто) каде најави наскоро започнување на два капитални проекти за оваа населба.

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното министерството

22.02.2025
Со последните две измени на постоечкиот Закон за инспекциски надзор во декември 2024 и јануари 2025 година Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) како и останатите 14 државни инспекторати продолжуваат да функционираат како органи во состав на матичните министерства.

Меџити: 9 милиони денари за новата водоводна и канализациона мрежа на ул. неџат аголи во Серава

21.02.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска заедно со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, присуствуваше на започнувањето на целосна реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на улицата Неџат Аголи, во општина Чаир.

1 Mилион евра грант од Кралството Шпанија за охридското езеро

21.02.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.

Најава за медиуми

20.02.2025
Ве известуваме дека утре, петок, 21.02.2025, четврток, со почеток во 11.00 часот, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити ќе присуствува  на започнувањето на реализација на водоводна мрежа во улица Неџат Аголи (поранешна ул.Ковачка)  во општина Чаир.​​​​​​​ 

Меџити: Го финализираме предлогот на законот за климатска акција

20.02.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес учествуваше и имаше обраќање на завршниот настан на проектот „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“, во организација на Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ.

Покана за медиумите

19.02.2025
Ве известуваме дека утре, 20.02.2025, четврток, со почеток во 09:30, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити ќе учествува и ќе има обраќање на завршниот настан на проектот: „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“.

Учениците од ООУ Исмаил Кемали во Чаир учат како да станат еко херои

19.02.2025
Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ресми Ејупи го посети ООУ Исмаил Кемали во Чаир, каде денес под мотото „Јас сум новиот еко-херој“ се одржа еколошката едукативна  работилница наменета за најмладите ученици во рамки на мултимедијалната национална кампања „Позитивна промена“.