Меџити: Со Чешка градиме заедничка зелена иднина!

Новости
Министерот Изет Меџити, денеска учествуваше на Форумот за енергетика и технологија помеѓу Северна Македонија и Чешка
Со Чешка градиме заедничка зелена иднина!
23.04.2025

Скопје, 23.04.2025 Министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик претседател на Владата, Изет Меџити, денеска учествуваше на Форумот за енергетика и технологија помеѓу Северна Македонија и Чешка, организиран од Амбасадата на Чешката Република во Скопје.

Настанот претставуваше значајна платформа за размена на идеи, искуства и иницирање нови форми на соработка меѓу институции, бизнисите и експерти од двете земји. Во фокусот беа теми како што се зелената транзиција, обновливите извори на енергија, дигитализацијата и технолошките иновации.

„Зелената транзиција не е само енергетски процес, туку и клучен еколошки и развоен чекор за иднината. Како Министерство, нашата задача е да ги интегрираме иновациите и технолошките решенија со одржливото просторно планирање и меѓународната соработка. Со оваа стратегија, создаваме здрава, отпорна и конкурентна средина која ќе им обезбеди подобра иднина на следните генерации“
- изјави министерот Изет Меџити.

Форумот ја потврди подготвеноста на двете земји за интензивирање на заедничките напори во насока на технолошки напредок, енергетска одржливост и економски развој

Галерија
Submitted by alfa4 on 23.04.2025 - 13:52