Министерство за животна средина ќе изврши увид во работата на ЈП Дрисла
21.10.2024
Скопје, 21.10.2024 Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на средба ги прими претставниците на Здруженијата „Ринија е Батинцес“ и „Вукат“ кои ја изразија својата загриженост и незадоволство за лошото управување со отпадот и медицинскиот отпад од страна на Јавното претпријатие „Дрисла“ со кое раководи Град Скопје.
Меџити оствари средба со министерот за животна средина на Република Косово, Либурн Алиу
16.10.2024
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одржа важна средба со министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу. Ова е прва официјална посета на министерот Алиу по формирањето на новата влада.
МЖСПП со унапредена соработка со Европската инвестициска Банка
16.10.2024
Скопје, 16.10.2024 г. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска со директорот на канцеларијата на Европската инвестициска банка (ИЕБ) во Скопје, Бјорн Габриел, разговараа за тековната соработка и за унапредување на координацијата
Меџити: Подобрувањето на квалитетот на воздухот еден од стратешки приоритети на Владата
14.10.2024
Скопје, 14.10.2024, - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес присуствуваше и имаше обраќање на презентацијата на резултатите за изворите на загадување на воздухот во пет општини, организиран од Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП).