Меџити се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија Жељаско Радуков

Новости
Скопје, 16.10.2024 г. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија, Жељаско Радуков.
Меџити се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија Жељаско Радуков
16.10.2024

Скопје, 16.10.2024 г. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија, Жељаско Радуков.
 
Меџити, откако му го честиташе именувањето на новата функција, на бугарскиот амбасадор му посака успешна работа во нашата земја, како и продолжување на соработката во сите области од интерес на двете земји.

 

1


 
Двајцата соговорници изразија волја за отворен дијалог, зајакнување на трговската размена, како и протокот на луѓе меѓу двете земји, преку позитивна волја и добри намери.
 
Амбасадорот Радуков минатиот месец е именуван на оваа позиција, а го наследи долгогодишниот бугарски амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов.

Submitted by alfa4 on 16.10.2024 - 21:31