МЖСПП со унапредена соработка со Европската инвестициска Банка

Новости
Скопје, 16.10.2024 г. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити  денеска со директорот на канцеларијата на Европската инвестициска банка (ИЕБ) во Скопје, Бјорн Габриел, разговараа за тековната со
МЖСПП со унапредена соработка со Европската инвестициска Банка
16.10.2024

Скопје, 16.10.2024 г. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити  денеска со  директорот на канцеларијата на Европската инвестициска банка (ИЕБ) во Скопје, Бјорн Габриел, разговараа за тековната соработка и за унапредување на координацијата, со посебен фокус на инфраструктурата и проектите од сферата на транспортот, енергетиката и животната средина, области значајни за одржливиот развој на Северна Македонија и за постигнување на европските стандарди и напредок во реформите.

Меџити и Габриел разговараа за важноста на тековните проекти финансирани од ЕИБ, како што се Пречистителната станица во Скопје, како и за степенот на реализација на Проектот за подобрување на водената инфраструктура на општините во Северна Македонија.
Меџити и Габриел потенцираа дека соработката меѓу ЕИБ и Министерството за животна средина и просторно планирање во иднина ќе биде уште подобро координирана и ќе биде од конкретна корист за развојот на Северна Македонија.

Меџити потврди дека ЕИБ е наш традиционален партнер и поддржувач на проектите кои се од конкретна важност за развојот на државата и кои придонесуваат во напредокот на евроинтеграцискиот процес.

Submitted by alfa4 on 16.10.2024 - 15:33