Новости
Се разговараше за поддршка од германска страна кон Македонија за пиларот посветен на биодиверзитетот од Зелена агенда за Западен Балкан
08.10.2024
08.10.2024г., Хамбург, СР Германија - По иницијатива на Германското Сојузно Министерство за екологија, заштита на природата, нуклеарна безбедност и заштита на потрошувачите (BMUV), заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, денес, на маргините на министерскиот состанок, одржа средба со германскиот парламентарен државен секретар д-р Бетина Хофман.
На средбата се разговараше за поддршка од германска страна кон Македонија за пиларот посветен на биодиверзитетот од Зелена агенда за Западен Балкан .
Поддршката би била во насока на подобрување на политичкиот дијалог на министрите надлежни за биодиверзитет во регионот и поддршка на активности на национално ниво.