Регионалното управување со отпадот ќе овозможи подобра еколошка контрола на активностите за управување со отпад
01.04.2025
Скопје, 01.04.2025 Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ресми Ејупи, имаше воведно обраќање на отварањето на Партнерската конференција за Одржливи услуги за управување со отпад, која се одржува во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“.
Лашкоска на 5-тиот состанок на Заедничкиот управувачки комитет за Рамката за соработка на Обединетите Нации
28.03.2025
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на 5-тиот состанок на Заедничкиот управувачки комитет за Рамката за соработка на Обединетите Нации со Северна Македонија 2021-2025, како клучна платформа за унапредување на соработката и поттикнување напредок кон еколошката одржливост и отпорноста на климата во нашата земја.
200 илјади евра казна за Булмак поради прекршок од трета категорија
28.03.2025
По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24.03.2025 година, од страна на Државниот инспекторат за животна средина, утврдено е дека од страна на БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка согласно член 212-ж став (1) точка 16 и став (2) од Законот за животна средина е сторен прекршок
Јавен Оглас
28.03.2025
Врз основа на член 47 став (7) од Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 216/2021), Министерството за животна средина и просторно планирање распишува ЈАВЕН ОГЛАС за избор на 2 (двајца) членови и заменици-членови во Комисијата за полагање на стручен испит за управител/виш управител со отпад