Uji

Uji është një burim i kufizuar dhe bazë, i nevojshëm për të mbajtur jetën, i cili siguron mirëqenien sociale, prosperitetin ekonomik dhe shëndetin e ekosistemit.
uji
Sipas gjendjes hidrografike në Republikën e Maqedonisë, ekzistojnë katër zona të pellgjeve lumore (Vardar, Crn Drim, Strumicë dhe Moravë Jugore) dhe tre liqene natyrore (Liqeni i Ohrit, Liqeni i Prespës dhe Liqeni i Dojranit).

Најголем дел од водите се домицилни, формирани на територијата преку врнежи. Република Македонија не е богата со површински води и тие главно зависат од појавата, времетраењето и интензитетот на врнежите.

Како резултат на морфолошката, хидрогеолошката и хидро-географската структура на релјефот, површинските теченија брзо втекуваат во хидрографската мрежа (реките, потоците и езерата) и водата истекува надвор од земјата. Единствени исклучоци се карстните области, каде што водата се задржува подолго време под површината и ги прихранува протечните води од речната мрежа.

Во рамки на RIMSYS програмата се дефинирани 20 мерни места на реките и параметрите кои се следат.

Континуирано се следат органо лептичките, минерализационите, кислородните и показaтелитенакиселост, еутрофикационитедетерминанти, органскимикрополутанти,  штетни и опaсниматерии, биолошкиелементи(Состав и изобилство на акватична флора и Состав и изобилство на бентосна инвертебратна фауна) на следните мерни места:

Станица Река
Света Богородица Треска
Граница, Влив Лепенец Лепенец
Радуша, Таор, Ногаевци, Демир Капија, Гевгелија, Башино Село Вардар
Пелинце, Катлановска Бања Пчиња
Трновец Крива Река
Балван Брегалница
Брод Елешка
Скочивир, Возарци Црна Река
Ново Село Струмица
ХЕ Шпиљје Црн Дрим
Бошков Мост Радика

 

Податоците од мониторингот на квалитет на водотеците може да ги најдете на следниве линкови:

Вода - Регулатива

Вода
Регулатива
Основен законски пропис со кој е уредена оваа областа води е Законот за водите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11 и 44/12 ) и подзаконските акти донесени врз основа на Законот за води.

Законот за водите е рамковен закон кој ги регулира основните принципи и начела за управување со водните ресурси. Законот е направен според теркот на западно европските закони, со цел да се воспостави една општа правна рамка за регулирање на областа на управување со водите на интегриран и сеопфатен начин. Притоа управувањето со водите ги опфаќа сите мерки и активности за рационално и ефикасно користење на водите, одржливиот развој на водните ресурси, заштита на водите и заштита од штетно дејство на водите. Потребата од интегриран пристап при подготовката на Рамковниот Закон за води, произлегува од фактот што аспектите на управувањето и аспектите на заштитата се суштински поврзани и истите неможат да се регулираат пооделно без да се води сметка за нивната меѓусебна поврзаност. Така, оваа материја се фокусира врз три области и тоа: користење на водите, заштита на водите и контрола на загадувањето и заштита од штетното дејство на водите. Во него директно се пренесени барањата од следните директиви на ЕУ од областа на управувањето со водните ресурси:

  • Рамковната директива за води,
  • Директивата за квалитет на водата наменета за консумирање од страна на човекот,
  • Директивата за квалитет на водата за капење,
  • Директивата за третман на комунални отпадни води,
  • Директивата за искористување на милот добиен со пречистување на отпадни води, и
  • Директивата за заштита на водите од загадување предизвикано од нитрати од земјоделски извори.

Основните цели на законот се: да се обезбедат доволни количества квалитетна вода; да се обезбеди заштита, зачувување и континуирано подобрување на режимот на водите, да се подобри состојбата на водните екосистеми и екосистемите зависни од вода и да се заштити и унапреди водната средина преку рационално користење на водите, прогресивно намалување на штетните испуштања и постепено елиминирање на емисиите на опасни супстанции, како и ублажување на последиците од штетното дејство на водите и од недостигот на вода. Сепак содржината на законот со тоа не е целосно опфатена. Иако директивите на ЕУ од областа на управувањето со водните ресурси не содржат специфични барања, заради интегрираниот пристап при регулирањето на оваа област, потребно е во законската рамка интегрирање на ефективни одредби со кои ќе се регулира правото на физичките и правните лица да користат води, да испуштаат отпадни води односно испуштаат и фрлаат на материи и супстанции во површински и подземни води, како и да вадат песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површински водни тела. Флексибилноста на Европското законодавство дозволува ова прашање да се регулира со почитување на уставно- правната рамка и законодавната пракса на државите.

 

Програмата за управување со водите за 2019 година

Врз основа на член 218 став (1) од Законот за водите (Службен весник на Република Македонија бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13, 180/14, 146/15 и 52/16) Владата на Република Македонија на седницата одржана на 8.1.2019 година донесе ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИТЕ ЗА 2019 ГОДИНА.

Вода - Упатства

Вода
Упатства
Упатствата за заштита на водите се документи кои ги објаснуваат процесите, мерките и стандардите што треба да се спроведат за одржување на квалитетот на водните ресурси.

Вода - Обрасци

Вода
Обрасци
Стандардизирани форми или шаблони кои се користат за документирање и праќање информации поврзани со мониторинг, одобрување и управување со водните ресурси.

Вода - Решенија

Вода
Решенија
Примена на иновативни технологии и методи за пречистување на отпадните води, усовршување на системите за мониторинг на квалитетот на водите, и развивање на стратегии за одржливо управување со водните ресурси

Потребна документација за издавање на согласности, решенија и мислења

Вода - Регистри

Вода
Регистри
Централизирани бази на податоци што ги содржат информации за квалитетот на водите, лиценци и дозволи за искористување на водни ресурси, како и информации за евентуални загадувања и мерки за нивно решавање

Вода - Дозволи

Вода
Дозволи
Барања за издавање на дозволи за зафаќање, користење и испуштање на води

Галерија