Листа на обврски-одговорности:
- Извршување на работни задачи доделени од непосредниот раководител
- Коодинација на работните активности и давање стручна помош на раководителите на одделенијата за работа при вршење на најсложените работни задачи.
- Предлага ставови, врши анализа и проценување на прашања и проблеми кои се појавуваат во текот на работењето
- Со посебно овластување од страна на министерот врши работи во делокругот на јавните набавки, и тоа:
- Го изготвува годишниот план за јавни набавки;
- Дава стручна помош на секторите при изготвување на барањата за отпочнување на постапка за доделување на договор за јавна набавка;
- Изготвува одлука за јавна набавка и тендерската документација;
- Објаваува оглас на Електронскиот систем за јавни набавки;
- Ја советува комисијата при спроведување на постапката за доделување договор за јавна набавка;
- Ги подготвува потребните акти врз основа на извештајот од спроведена постапка;
- Изготвува договор за јавна набавка и овластување за следење на реализација на договорите;
- Ги ажурира податоците кои согласно со Законот за јавните набавки се доставуваат во ЕСЈН;
- Објавува негативна референца во ЕСЈН;
- Дава насоки и упатства на договорниот орган во врска со постапување во жалбената постапка во соработка со комисијата;
- Се грижи за досиејата од спроведени постапки согласно со прописите за канцелариско и архивско работење и
- Врши други работи согласно со Законот за јавните набавки.