Заменик раководител на СФП - обврски

Листа на обврски-одговорности:

  • Извршување на работни задачи доделени од непосредниот раководител
  • Коодинација на работните активности и давање  стручна помош на раководителите на одделенијата за работа при вршење на најсложените работни задачи. 
  • Предлага ставови, врши анализа и проценување на прашања и проблеми кои се појавуваат во текот на работењето
  • Со посебно овластување од страна на министерот врши работи во делокругот на јавните набавки, и тоа:
  • Го изготвува годишниот план за јавни набавки;
  • Дава стручна помош на секторите при изготвување на барањата за отпочнување на постапка за доделување на договор за јавна набавка;
  • Изготвува одлука за јавна набавка и тендерската документација;
  • Објаваува оглас на Електронскиот систем за јавни набавки;
  • Ја советува комисијата при спроведување на постапката за доделување договор за јавна набавка;
  • Ги подготвува потребните акти врз основа на извештајот од спроведена постапка;
  • Изготвува договор за јавна набавка и овластување за следење на реализација на договорите;
  • Ги ажурира податоците кои согласно со Законот за јавните набавки се доставуваат во ЕСЈН;
  • Објавува негативна референца во ЕСЈН;
  • Дава насоки и упатства на договорниот орган во врска со постапување во жалбената постапка во соработка со комисијата;
  • Се грижи за досиејата од спроведени постапки согласно со прописите за канцелариско и архивско работење и
  • Врши други работи согласно со Законот за јавните набавки.