Skip to main content
Државен секретар - надлежности
-
-
Државен секретар ...
-
Државен секретар - надлежности
Државен секретар - надлежности
- Ја планира, организира и координира работата на министерството и раководните административни службеници,
- Спроведува надзор и дава насоки и упатства за работа, го следи и контролира индивидуалното и организациско работење и ги оценува раководните административни службеници;
- Предлага концепти и решенија за внатрешната структура, за надминување на проблеми од кадровска, техничка или финансиска природа во областите од надлежност на министерството согласно насоките, упатствата, одлуките и заклучоците од министерот;
- Ја следи реализацијата на Годишната програма за работа на Владата на РМ во областите од надлежност на министерството; ја следи утврдената временска рамка и дава насоки и мислења при подготовката на материјалите, предмет за работа на Владата на РМ и владините тела и комисии;
- Присуствува на Генералниот Колегиум на Генерални/државни секретари;
- Ја следи реализацијата на донесените заклучоци и ставови и предлага концепти за нивно навремено, ефикасно и ефективно спроведување;
- Презентира политики, програми, проекти и стратешки документи од областите кои се во надлежност на министерството;
- Дава мислење и насоки при подготовка на материјали, информации и мислења за прашањата од надлежност на министерството за седници на Владата на РМ, тела и комисии;
- Укажува за приоритетот на материјалите во дневниот ред на седниците на Владата и учествува во работата на работните тела на Владата на РМ и Собранието на РМ кога за тоа е овластен од министерот;
- Ги координира работните групи на министерството за изработка програми, проекти и стартешки документи;
- Остварува комуникација и соработка меѓународни организации со Генералниот секретар на Владата на РМ;
sfy39587stp18