Годишна работилница на Националните референтни центри за Перспективни информации и услуги

Активности
10.10.2012
flis(09-10.10.2012 год.) Во Стокхолм – Шведска, се одржа годишниот работен состанок на Националните референтни центри за соработка со Европската агенција за животна средина, во однос на програмата за Перспективни информации и услуги (FLIS). На состанокот учествуваше Ристо Јордановски од Македонскиот информативен центар за животна средина.

Целта на состанокот беше, да се информираат учесниците за годишните активностите од страна на ЕЕА поврзани со FLIS програмата и FLIS проектот за 2012 година, во насока на алатките и методологиите кои експертите ги користат во рамки на FLIS проектот.

За време на состанокот се одржа и практична обука за компјутерска програма за квалитативно и квантитативно моделирање – со тематска насока за ефикасно искористување на ресурсите во природата. Со учеството на овој состанок се овозможи континуитет во работата Националниот референтен центар за Перспективни информации и услуги, и јакнење на националните капацитети во однос на FLIS програмата на Европската агенција за животна средина.

Submitted by almin on 10.10.2012 - 08:28