Активности

10.10.2012

Целта на состанокот беше, да се информираат учесниците за годишните активностите од страна на ЕЕА поврзани со FLIS програмата и FLIS проектот за 2012 година, во насока на алатките и методологиите кои експертите ги користат во рамки на FLIS проектот.
За време на состанокот се одржа и практична обука за компјутерска програма за квалитативно и квантитативно моделирање – со тематска насока за ефикасно искористување на ресурсите во природата. Со учеството на овој состанок се овозможи континуитет во работата Националниот референтен центар за Перспективни информации и услуги, и јакнење на националните капацитети во однос на FLIS програмата на Европската агенција за животна средина.