(08-12.10.2012) Во Талин, Естонија Игор Пауновски, Маја Граматикова и Никола Јакимовски од Одделението за информатичка технологија при Македонскиот информативен центар за животна средина остварија студиска посета во организација на TAIEX инструментот за техничка помош при Европската Комисија, а во соработка со Истражувачкиот центар за животна средина на Естонија на тема Администрирање на информативен систем за квалитет на воздух.
Целта на студиското патување бешестекнување на практично знаење и искуство во администрирање и користење на Airviroсофтверската апликација која е дел од Националниот информативен систем за квалитет на воздух, а имплементирана во МЖСПП во рамки на Твининг проектот ”Зајакнување на капацитетите на локално и централно ниво за управување со квалитетот на воздухот во Република Македонија”. Посетата ги опфати следните теми: - Запознавање со инфраструктурата на Националниот информативен систем за управување со квалитетот на воздухот во Естонија (стандарди за податоците за квалитет на воздух, хардверски барања за оптимално функционирање на информативниот систем, ПИС пристап до податоците за квалитет на воздух, централна база на податоци и апликација за пристап до податоците); - Преглед на можностите на софтверската апликација Airviro за управување со квалитетот на воздухот во Естонија; - Администрирање на Airviro софтверската апликација во Linux и GUI околина; - Користење на Airviro софтверската апликација за секојдневно следење на квалитетот на воздухот преку практични примери.