Одделение за комуникација, односи со јавност и едукација

Одделение
Логистичка поддршка за јавни настани, средби, интервјуа, подготовка на соопштенија за јавност

Логистичка поддршка на Министерот за јавни настани,  средби, интервјуа,  подготовка на соопштенија за јавност, соработка со медиуми  и транспарентно информирање на јавноста за активностите на Министерството од области во негова надлежност, 
организирање кампањи и настани за подигање на јавна свест и еколошка едукација.

Опис на дејноста и обврските на одделението

  • Координација на севкупната работа на Министерот со активностите во Влада на РСМ, Владините тела и комисии и собранието на РСМ; 
  • Следење на активностите на Министерот, заменик министерот, државниот секретар и поединечните секторски активности 
  • Подготвување соопштенија за јавност за активностите на министерството, организирање кампањи и настани за подигање на јавна свест и еколошка едукација, се во функција на транспарентно информирање на јавноста за активностите од области под надлежност на Министерството;
  • Подготвување на телеграми, дописи, поздравни писма и друга коресподенција со домашни и меѓународни институции за прашања од протоколарна природа и за прашања под надлежност на Министерството; 
  • Одржување контакти и соработка со НВО од области во надлежност на Министерството;
  • Организирање и реализација на јавни настани кои овозможуваат учество на јавноста во донесувањето на одлуки за прашања под надлежност на Министерството;
  • Организирање на прес конференции
  • Постапување по предмети од Слободен пристап до инпормации од јавен карактер
  • Следење на реакцијата на јавноста во печатените и електронски медиуми и изработување на прес-клипинг


 

Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30