Одделение
Логистичка поддршка за јавни настани, средби, интервјуа, подготовка на соопштенија за јавност
Логистичка поддршка на Министерот за јавни настани, средби, интервјуа, подготовка на соопштенија за јавност, соработка со медиуми и транспарентно информирање на јавноста за активностите на Министерството од области во негова надлежност,
организирање кампањи и настани за подигање на јавна свест и еколошка едукација.
Опис на дејноста и обврските на одделението
- Координација на севкупната работа на Министерот со активностите во Влада на РСМ, Владините тела и комисии и собранието на РСМ;
- Следење на активностите на Министерот, заменик министерот, државниот секретар и поединечните секторски активности
- Подготвување соопштенија за јавност за активностите на министерството, организирање кампањи и настани за подигање на јавна свест и еколошка едукација, се во функција на транспарентно информирање на јавноста за активностите од области под надлежност на Министерството;
- Подготвување на телеграми, дописи, поздравни писма и друга коресподенција со домашни и меѓународни институции за прашања од протоколарна природа и за прашања под надлежност на Министерството;
- Одржување контакти и соработка со НВО од области во надлежност на Министерството;
- Организирање и реализација на јавни настани кои овозможуваат учество на јавноста во донесувањето на одлуки за прашања под надлежност на Министерството;
- Организирање на прес конференции
- Постапување по предмети од Слободен пристап до инпормации од јавен карактер
- Следење на реакцијата на јавноста во печатените и електронски медиуми и изработување на прес-клипинг
Ангелина Јовановиќ
Раководител на одделение
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30