Обезбедување оперативно -техничка и координативно - логистичка подршка во реализацијата на предметите од меѓуресорска природа и меѓународна соработка
Сектор за координација на работата на министерот
Раководител на сектор
Раководител на сектор за координација на работата на министерот
Телефон
Е-пошта
Опис на работната позиција
Управување со функционирањето на секторот во функција на обезбедување оперативно -техничка и координативно - логистичка подршка во реализацијата на предметите од меѓуресорска природа и меѓународна соработка
Раководител на сектор за координација на работата на министерот - обврски
- Претставник од МЖСПП во Заедничките Владини Комисии за економска соработка со Словенија, Украина, Казахстан, Чешка, Словачка, Бугарија итн. координирани од Министерство за Економија;
- Претставник од МЖСПП во Заедничките комисии и работни тела за животна средина произлезени од билатералните Меморандуми за разбирање и договори каде МЖСПП е страна (Бугарија, Романија, Косово, Албанија, Турција итн.);
- Договор за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија (потпишан во 2004 година);
- Договор за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа, потпишан од страна на Република Македонија, Албанија, Грција и Европската Унија (2010 година, стапи во сила на 2019 година); член на Комитетот за управување со Паркот Преспа од МЖСПП,
- Претставник од Република Северна Македонија во регионална работна група за Зелена Агенда за земји од Западен Балкан Северна Македонија членка на работната група Зелена Агенда – меѓувладина платформа за постојан политички дијалог за животната средина и климатските активности, столб на структура за координација во областите на имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан,
- Координатор на Проект „Заедничко управување со ризици од поплави со река Вардар во прекуграничниот појас“ – прекуграничен проект во ЕУ ИНТЕРРЕГ Програмата со Грција;
- Координација при градење на официјална позицијата на земјата за Конференцијата на страните од Конвенциите од Рио и други мултилатерални механизми за соработка во областа на заштитата на животната средина, усогласување и поддршка на регионалните позиции како и изготвување и застапување демарши од дипломатските канцеларии;
- Лице за контакт од МЖСПП за Рамката за развојна помош на ОН (UNDAF 2016 – 2020) и Рамката за одржлив развој на ОН за соработка (UN SDCF 2021 – 2025) – да обезбеди надзор и стратешки насоки за подготовка и имплементација на овие стратешки документи на канцелариите на ОН во земјата во Северна Македонија;
- Постигнувањата на целите за одржлив развој (ЦОР), ЦОР 6 и 13 особено, и преку нивниот интегриран и меѓусекторски пристап на политиката и нивните средства за имплементација (хоризонтален принцип на одржлив развој, тематски интервенции, партнерство и пристап на повеќе нивоа на управување),
- ОЕЦД Извештај за конкурентност за Република Северна Македонија за 2021 и 2024 година, координатор за димензија на политиката за животна средина;
- Член во следните Комисии:
- Комисија за управување со светско природно и културно наследство на Охридски регион ( назначена во Февруари 2024 г.),
- Меѓуресорска Комисија за спроведување на политиката за упатување лица од Република Македонија во меѓународни мисии и меѓународни организации при МНР ( од Февруари 2023 г.);
- Екпертска работна група при МНР за Универзален периодичен преглед за човекови права;
- Меѓуинституционална работна група за унапредување на договорната соработка при МНР;
- Контакт лице од МЖСПП за подготовки за упатување на мандат на дипломатски претставници во ДКПа.
- Подготовки на Министер за животна средина и просторно планирање за седници на Влада (во рамки на секторот со кој раководам е и одделение за подготовка на седници на Влада),
- Зајакнување на институционалната транспарентност преку координација и вклучување на јавноста во процесот на носење одлуки (во состав на секторот со кој раководам е и одделение за комуникација со јавност и едукација)
Образование
Високо, Дипломиран политиколог
Обуки и усовршување
Одржлив развој на заедницата со учество на граѓаните за земјите од Западен Балкан – Токио, Јапонија, 2009 год. (Japanese International Cooperation Agency – JICA)
Управување со животната средина со фокус на ЕУ –Swedis Environment Protection Agency - SEPA 2011/2012
Баварска летна академија за животна средина – Баварска агенција за животна средина – Хоф, Бавариа, јули, 2023 година
Проценка на влијание на регулативата – Regulatory Impact Assessment, Охрид 2007
Останати јазици
Англиски