Креирање на политики и координација на активности поврзани со ЕУ програми за искористување на средства од ИПА фондовите и предлагање на мерки за реализација на истите
Сектор за спроведување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА)
Раководител на сектор
Раководител на сектор - ИПА
Телефон
Е-пошта
Опис на работната позиција
Креирање на политики и координација на активности поврзани со ЕУ програми за искористување на средства од ИПА фондовите и предлагање на мерки за реализација на истите.
Раководител на сектор за спроведување на Инструментот за претпристапна помош - обврски
Листа на обврски-одговорности:
- Раководи со секторот, ја организира, насочува и координира работата на секторот, врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите, врши распоределување на работите и задачите во секторот;
- Ја координира финансиската помош од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на ЕУ, проектите финансирани од Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), проектите поддржани од меѓународни финансиски институции, како и другата странска мултилатерална и билатерална помош, и обезбедува комплементарност;
- Ја координира работата помеѓу одделенијата во секторот и Проектна единица за имплементација на инфраструктурни проекти;
- Ја врши функцијата на ИПА Координатор и Раководител на Телото за управување со програмите за животна средина;
- Известува за приоритетите во секторот животна средина со цел соодветно програмирање на средствата за потребниот буџет за национално кофинасирање и на ИПА средствата и ја следи нивната реализација;
- Ја врши фунцијата на Службеник за нерегуларности и Службеник за управување со ризици и е одговорен за спроведување на овие процедури;
- Го координира спроведувањето на обврските на ИПА структурата на министерството во рамките на ИПА II и обврските на Телото за управување со програмите за животна средина предвидени во програмите за животна средина финансирани од ИПА III, финансиската спогодба, Уредбата за воспоставување на структури и односи меѓу структурите за управање со ИПА, Оперативните договори, Прирачниците за внатрешни процедури за работа и други насоки од НИПАК, НАО и ЕК;
- Обезбедува спроведување ревизија на работата на секторот и постапува по ревизорските наоди;
- Претседава со Секторскиот комитет за следење на програмите за животна средина и ја координира работата на Секторска работна група за животна средина и климатска акција;
- Го координира процесот на подготовка на листата на проекти во делот животна средина и климатска акција како дел од единствената листа на проекти која ја одобрува Националниот инвестициски комитет.
Весна Индова Точко е родена на 18.03.1970 година во Скопје, кади го завршила и средното образование со одличен успех.
Образование
Шумарски инженер, Магистратура во тек – Енергетика и Одржлив Развој
Информатички технологии
Има општо познавање од информатички технологии
Работно искуство
1999 – во тек, Министерство за животна средина и просторно планирање