Листа на обврски-одговорности:
- Раководи со секторот, ја организира, насочува и координира работата на секторот, врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите, врши распоределување на работите и задачите во секторот;
- Ја координира финансиската помош од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на ЕУ, проектите финансирани од Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), проектите поддржани од меѓународни финансиски институции, како и другата странска мултилатерална и билатерална помош, и обезбедува комплементарност;
- Ја координира работата помеѓу одделенијата во секторот и Проектна единица за имплементација на инфраструктурни проекти;
- Ја врши функцијата на ИПА Координатор и Раководител на Телото за управување со програмите за животна средина;
- Известува за приоритетите во секторот животна средина со цел соодветно програмирање на средствата за потребниот буџет за национално кофинасирање и на ИПА средствата и ја следи нивната реализација;
- Ја врши фунцијата на Службеник за нерегуларности и Службеник за управување со ризици и е одговорен за спроведување на овие процедури;
- Го координира спроведувањето на обврските на ИПА структурата на министерството во рамките на ИПА II и обврските на Телото за управување со програмите за животна средина предвидени во програмите за животна средина финансирани од ИПА III, финансиската спогодба, Уредбата за воспоставување на структури и односи меѓу структурите за управање со ИПА, Оперативните договори, Прирачниците за внатрешни процедури за работа и други насоки од НИПАК, НАО и ЕК;
- Обезбедува спроведување ревизија на работата на секторот и постапува по ревизорските наоди;
- Претседава со Секторскиот комитет за следење на програмите за животна средина и ја координира работата на Секторска работна група за животна средина и климатска акција;
- Го координира процесот на подготовка на листата на проекти во делот животна средина и климатска акција како дел од единствената листа на проекти која ја одобрува Националниот инвестициски комитет.