Jasmina Petkovska

Ofrimi i mbështetjes operativo-teknike dhe koordinative-logjistike në realizimin e subjekteve të natyrës ndërsektorale dhe bashkëpunimit ndërkombëtar.
Sektori për Koordinimin e Punës së Ministrit
Udhëheqës i Sektorit
Udhëheqës i Sektori për koordinimin e punës së ministrit
Telefonit
Përshkrimi i pozicionit të punës

Menaxhimi i funksionimit të sektorit në funksion të ofrimit të mbështetjes operativo-teknike dhe koordinuese-logjistike në realizimin e subjekteve të natyrës ndërsektorale dhe bashkëpunimit ndërkombëtar.

Раководител на сектор за координација на работата на министерот - обврски

  • Претставник од МЖСПП во Заедничките Владини Комисии за економска соработка со Словенија, Украина, Казахстан, Чешка, Словачка, Бугарија итн. координирани од Министерство за Економија;
  • Претставник од МЖСПП во Заедничките комисии и работни тела за животна средина произлезени од билатералните Меморандуми за разбирање и договори каде МЖСПП е страна (Бугарија, Романија, Косово, Албанија, Турција итн.);
  • Договор за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија (потпишан во 2004 година); 
  • Договор за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа, потпишан од страна на Република Македонија, Албанија, Грција и Европската Унија (2010 година, стапи во сила на 2019 година); член на Комитетот за управување со Паркот Преспа од МЖСПП,  
  • Претставник од Република Северна Македонија во регионална работна група за Зелена Агенда за земји од Западен Балкан Северна Македонија членка на работната група Зелена Агенда  – меѓувладина платформа за постојан политички дијалог за животната средина и климатските активности, столб на структура за координација во областите на имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан,
  • Координатор на Проект „Заедничко управување со ризици од поплави со река Вардар во прекуграничниот појас“ – прекуграничен проект во ЕУ ИНТЕРРЕГ Програмата со Грција;
  • Координација при градење на официјална позицијата на земјата за Конференцијата на страните од Конвенциите од Рио и други мултилатерални механизми за соработка во областа на заштитата на животната средина, усогласување и поддршка на регионалните позиции како и изготвување и застапување демарши од дипломатските канцеларии;
  • Лице за контакт од МЖСПП за Рамката за развојна помош на ОН (UNDAF 2016 – 2020) и Рамката за одржлив развој на ОН за соработка (UN SDCF 2021 – 2025) – да обезбеди надзор и стратешки насоки за подготовка и имплементација на овие стратешки документи на канцелариите на ОН во земјата во Северна Македонија;
  • Постигнувањата на целите за одржлив развој (ЦОР), ЦОР 6 и 13 особено, и преку нивниот интегриран и меѓусекторски пристап на политиката и нивните средства за имплементација (хоризонтален принцип на одржлив развој, тематски интервенции, партнерство и пристап на повеќе нивоа на управување), 
  • ОЕЦД Извештај за конкурентност за Република Северна Македонија  за 2021 и 2024 година, координатор  за димензија на политиката за животна средина;
  • Член во следните Комисии:
    • Комисија за управување со светско природно и културно наследство на Охридски регион ( назначена во Февруари 2024 г.),
    • Меѓуресорска Комисија за спроведување на политиката за упатување лица од Република Македонија во меѓународни мисии и меѓународни организации при МНР ( од Февруари 2023 г.);
    • Екпертска работна група при МНР за Универзален периодичен преглед за човекови права;
    • Меѓуинституционална работна група за унапредување на договорната соработка при МНР;
    • Контакт лице од МЖСПП за подготовки за упатување на мандат на дипломатски претставници во ДКПа.
  • Подготовки на Министер за животна средина и просторно планирање за седници на Влада (во рамки на секторот со кој раководам е и одделение за подготовка на седници на Влада), 
  • Зајакнување на институционалната транспарентност преку координација и вклучување на јавноста во процесот на носење одлуки (во состав на секторот со кој раководам е и одделение за комуникација со јавност и едукација)
Arsimi
Високо, Дипломиран политиколог
Trajnimi dhe zhvillimi
Одржлив развој на заедницата со учество на граѓаните за земјите од Западен Балкан – Токио, Јапонија, 2009 год. (Japanese International Cooperation Agency – JICA)
Управување со животната средина со фокус на ЕУ –Swedis Environment Protection Agency - SEPA 2011/2012
Баварска летна академија за животна средина – Баварска агенција за животна средина – Хоф, Бавариа, јули, 2023 година
Проценка на влијание на регулативата – Regulatory Impact Assessment, Охрид 2007
Gjuhët
Англиски