Развивање, координирање, обединување и спроведување на политиките во рамиките на делокругот на секторот, преку контрола врз програмите и управување со средства, поддржување на работата на директорот и министерот
Сектор за води
Раководител на сектор
Раководител на сектор за води
Телефон
Е-пошта
Опис на работната позиција
Развивање и обединување на политиките во рамиките на делокругот на секторот, координирање и спроведување на таквите политики преку контрола врз програмите и преку управување со средства, подржување на работата на секретарот и министерот.
Раководител на СВ - Обврски
- Одговорен за ЕУ – Скрининг процесот - “Квалитет на водите“
- Национално одговорно лице (Focal point) за меѓународната Конвенција за меѓугранични води (UNECE Water convention)
- Раководи со секторот, ја организира, насочува и координира работата на секторот; врши непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите во секторот, ги распоредува задачите и работите на раководителите на одделенијата во состав, како и им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на најсложените работи и задачи и го следи текот на извршувањето на работите
- Со раководителите на одделенијата изготвува и се грижи за остварувањето на планот за работа на секторот и одделенијата.
- Предлага системски решенија и други активности во врска со работата на одделенијата како и иницира решавање на одделни проблеми во таа насока
- Учествува во работата на комисии и телата во Владата на РМ за кога тоа е овластен. Дава насоки и задачи во врска со начинот на изготвување на Плановите за управување со речните сливови, го следи нивното спроведување, како и дава мислење и предлози околу приоритетите на управување со плановите
- Учествува и соработува во работата на Советите за управување на речните сливови, исто така соработува и дава мислење за работата на Националниот Совет за води
- Одговара за навремено, законите и квалитетно вршење на работите и задачите кои се вршат во секторот; обезбедува предлог програма за работа на секторот, дава извештаји за реализација на програмата за работа на секторот, организира и остварува соработка со работите при вршењето на работите во секторот со другите органи, учествува во работата на работните тела на Собранието на Република Македонија кога за тоа е овластен
- Се грижи за стручното усовршување и работната дисциплина на вработените во секторот; остварува редовни контакти со другите раководители на сектори во органот разменувајќи со нив информации.
- Пренесува ставови од директорот на раководителите на одделенијата кои се однесуваат на нивната надлежност; врши анализа, оценување и проценување на прашањата и проблемите кои се појавуваат;
- Иницира нови идеи за работи од областа која ја покрива секторот; непосредно одговара за својата работа пред директорот на Управата за животна средина односно министерот.
- Одговара за својата работа во рамките на своите овластувања и надлежностите на одделенијата во секторот, како и потпишува документи од делокругот на секторот.
- Дава напаствија, мислења и слично од областа на законската регулативи на министерството и склучувањето на договори за министерството што е во делокругот на работа на секторот
- - Донесува предмети во управна постапка
Образование
Дипломиран инжењер - Технолог
Обуки и усовршување
ЕУ Програма ‘PACE III’: Обука на државни службеници од I категорија на заедниците кои не се мнозинство во јавната администрација во ЕУ земји, Софија, Бугарија, 2008
Тренинг курс за MTEC (MATRA), Делфт, Холандија, Управување со ризик од поплави и Рамковна директива за води, 2010
Меѓународна програма за лидерство на посетители (IVLP), на тема: “УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИТЕ“ во Вашингтон, САД, 2011
Програма за обука и дијалог на JICA, Администрација за подобро управување со услугите за водоснабдување, собирање и третман на отпадни води, Токио, Јапонија 2012
Студиска посета за третман на урбани отпадни води и управување со тиња, TAIEX помош, Лондон, Велика Британија, 2013
Студиска посета за третман на урбани отпадни води и управување со тиња, Токио и Кјото, Јапонија, 2014
Меѓународна тркалезна маса „Партнерство со приватниот сектор за одржливо финансирање на води“, Коломбо, Шри Ланка, 2016
Спроведување на SDG во пракса, Работилница за обликувачи на агендата за вода и санитација 2030, ABZ Spiez, Швајцарија, 2017
Обука како да се подготват проекти за финансирање приспособување кон климатските промени во прекугранични басени, UNECE, Дакар, Сенегал, 2017
Меѓународна академија за ознаки на УНЕСКО и одржлив развој, светско наследство, Торино, Италија, 2017
Глобална работилница за интегрирано следење на SDG 6 - вода и санитација, Хаг, Холандија, 2017
Твининг проектот „Зајакнување на административните капацитети за управување со водите“, Студиска посета, Вилнус, Литванија, 2018
16-та меѓународна конференција „EUROPE-INBO 2018“, Севиља, Шпанија, 2018
GEF IWLEARN - Конференција: Маракеш, Мароко, 2018
Студиска посета на Секретаријатот на Комисијата за реката Меконг, Виентиан, Лао ПДР и Камбоџа, 2019
Студиска посета на Секретаријатот на Комисијата за реката Меконг, Виентиан, Лао ПДР и Камбоџа, 2019
Информатички технологии
Има посетувано додатни обуки од информатички технологии
Останати јазици
Албански
Англиски
Српски
Француски
Работно искуство
2007 - МЖСПП, УЖС, Раководител на Секторот за води
2000 - 2007 – Министерство за финансии
1999 - 2000 – Министерство за развој
1994 - 1999 – Приватен сектор
Реализирани проекти и активности
ИПА проект - Национална студија за тарифи за вода, 2014
ИПА проект „Реформа во секторот води на централно ниво“ 2017
Реализација на многу други проекти за управување со води, поддржани од ЕУ - ИПА, УНДП, ГЕФ, ГИЗ, SECO/SDC, Светска банка