Skip to main content
Раководител на СВ - Обврски
-
-
Раководител на СВ...
-
Раководител на СВ - Обврски
Раководител на СВ - Обврски
- Одговорен за ЕУ – Скрининг процесот - “Квалитет на водите“
- Национално одговорно лице (Focal point) за меѓународната Конвенција за меѓугранични води (UNECE Water convention)
- Раководи со секторот, ја организира, насочува и координира работата на секторот; врши непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите во секторот, ги распоредува задачите и работите на раководителите на одделенијата во состав, како и им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на најсложените работи и задачи и го следи текот на извршувањето на работите
- Со раководителите на одделенијата изготвува и се грижи за остварувањето на планот за работа на секторот и одделенијата.
- Предлага системски решенија и други активности во врска со работата на одделенијата како и иницира решавање на одделни проблеми во таа насока
- Учествува во работата на комисии и телата во Владата на РМ за кога тоа е овластен. Дава насоки и задачи во врска со начинот на изготвување на Плановите за управување со речните сливови, го следи нивното спроведување, како и дава мислење и предлози околу приоритетите на управување со плановите
- Учествува и соработува во работата на Советите за управување на речните сливови, исто така соработува и дава мислење за работата на Националниот Совет за води
- Одговара за навремено, законите и квалитетно вршење на работите и задачите кои се вршат во секторот; обезбедува предлог програма за работа на секторот, дава извештаји за реализација на програмата за работа на секторот, организира и остварува соработка со работите при вршењето на работите во секторот со другите органи, учествува во работата на работните тела на Собранието на Република Македонија кога за тоа е овластен
- Се грижи за стручното усовршување и работната дисциплина на вработените во секторот; остварува редовни контакти со другите раководители на сектори во органот разменувајќи со нив информации.
- Пренесува ставови од директорот на раководителите на одделенијата кои се однесуваат на нивната надлежност; врши анализа, оценување и проценување на прашањата и проблемите кои се појавуваат;
- Иницира нови идеи за работи од областа која ја покрива секторот; непосредно одговара за својата работа пред директорот на Управата за животна средина односно министерот.
- Одговара за својата работа во рамките на своите овластувања и надлежностите на одделенијата во секторот, како и потпишува документи од делокругот на секторот.
- Дава напаствија, мислења и слично од областа на законската регулативи на министерството и склучувањето на договори за министерството што е во делокругот на работа на секторот
- - Донесува предмети во управна постапка
sfy39587stp18