Градиме СИСТЕМ за здрава животна средина!

Соопштенија
Во Министерството за животна средина и просторно планирање, секојдневно активно работиме на носење и усвојување на клучни закони кои ќе донесат долгорочни решенија за чист воздух, чиста вода, заштита на природата и модерно управување со отпадот.
Градиме СИСТЕМ за здрава животна средина!
29.04.2025

Во Министерството за животна средина и просторно планирање, секојдневно активно работиме на носење и усвојување на клучни закони кои ќе донесат долгорочни решенија за чист воздух, чиста вода, заштита на природата и модерно управување со отпадот.

Моментално во владина процедура се:

  • Измени и дополнувања на Законот за животна средина (2 пати)
  • Три закони од областа на управување со отпад

Во завршна фаза е Законот за контрола на индустриски емисии, со кој за првпат ќе се воведе поставување на сензори за мерење на квалитетот на воздухот во реално време за сите големи индустриски капацитети (со А интегрирана дозвола)!

Паралелно, работиме на:

  • Закон за климатска акција
  • Закон за природа
  • Измени на Законот за води
  • И првпат во државата – креираме нов Закон за просторно планирање!

Ова е патот кон вистинска, СИСТЕМСКА заштита на животната средина.

Посветено, транспарентно и со визија за одржливо утре!

Submitted by alfa4 on 29.04.2025 - 13:40