Надминат праг на алармирање во Струмица

Соопштенија
Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150  µg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.
Надминат праг на алармирање во Струмица
02.01.2025
Почитувани

(02.01.2025г.) Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150   µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.

Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мернoто место и деновите  каде има појава на надминување на праг на алармирање.

 

Струмица

31/12/2024

187.47

01/01/2025

151.02

*концентрациите се изразени во µg/m3

 

СОГЛАСНО НАСТАНАТАТА СОСТОЈБА, ЗА СТРУМИЦА ВАЖАТ СЛЕДНИТЕ МЕРКИ:   

  • Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола
  • Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати
  • Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци
  • Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила
  • Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата
  • Забрана на горење на отворено
  • Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар
  • Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот
  • Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

  

Министерството за животна средина и просторно планирање

Submitted by alfa4 on 02.01.2025 - 15:54