Ќе се приклучи на велосипедското дефиле по повод одбележувањето на Денот без автомобили 2019, кое ќе стартува во 11:30 часот од паркот Ибни Пајко позади Националната Филхармонија. Велосипеди ќе возат и в.д. шефот на делегацијата на ЕУ Џулијан Васало, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, амбасадори акредитирани во РСМ, претставници на ЕУ, пратеници во Собранието на РСМ и ученици од скопските средни училишта .
Велосипедистите ќе се движат по маршутата: ул.Филип II Македонски, бул. Гоце Делчев, бул. ВМРО, бул. Партизански одреди, бул. 8-ми Септември, бул. Илинден и Градски Парк – Школка.
Велосипедското дефиле на кое можат да се приклучат и сите граѓани ќе заврши кај Школката во Градски парк, каде во 12 часот ќе започне забавната програма. Повеќе среќни добитници преку лотарија ќе добијат велосипеди, кациги и други аксесоари, како симбол на користење на алтернативни превозни средства.
Ве покануваме со Ваши екипи, медиумски да го покриете настанот.