Соопштение за јавноста 19.09.2019 година

Announcements
Одбележување на Денот без автомобили 2019 година
Соопштение за јавноста 19.09.2019 година
19.09.2019
Ве известуваме дека утре, на 20.09.2019г. (петок) државниот секретар при Mинистерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска,

Ќе се приклучи на велосипедското дефиле по повод одбележувањето на Денот без автомобили 2019, кое ќе стартува во 11:30 часот од паркот Ибни Пајко позади Националната Филхармонија. Велосипеди ќе возат и в.д. шефот на делегацијата на ЕУ Џулијан Васало, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, амбасадори акредитирани во РСМ, претставници на ЕУ, пратеници во Собранието на РСМ и ученици од скопските средни училишта .

Велосипедистите ќе се движат по маршутата: ул.Филип II Македонски, бул. Гоце Делчев, бул. ВМРО, бул. Партизански одреди, бул. 8-ми Септември, бул. Илинден и Градски Парк – Школка.

Велосипедското дефиле на кое можат да се приклучат и сите граѓани ќе заврши кај Школката во Градски парк, каде во 12 часот ќе започне забавната програма. Повеќе среќни добитници преку лотарија ќе добијат велосипеди, кациги и други аксесоари, како симбол на користење на алтернативни превозни средства.

Ве покануваме со Ваши екипи, медиумски да го покриете настанот.

Submitted by alfa4 on 19.09.2019 - 10:00