(5.02.2025г.) На покана на министерот за животна средина, клима и енергетика на Словенија, Бојан Кумер, денес, во Брдо кај Крањ, заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, учествува на конференцијата за предизвиците во адапација кон климатските промени во регионот на Југоисточна Европа.
Целта на конференцијата е размена и унапредување на дијалогот со управите надлежни за работите од хидро-метеорологијата во регионот со цел координирана акција за унапредена адаптација на најранливите сектори кон клматските промени.
Заменик министерката се обрати на сесијата посветена на значењето на регионалната соработка, на која истакна дека транспарентноста во комуникацијта и размената на податоците, инклузивниот дијалог и воспоставување на заедничка рамка се клучни елементи во надминувањето на бариерите за унапредена регионална соработка.
На маргините на конференцијата, заменик министерката Лашкоска оствари билатерална средба со извршната директорка на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), Leеna Yia- Mononen, со која беа разменети мислења околу унапредување на досегашната соработка со ЕЕА, особено во делот на реализирање на обврските за известување областа клима.