Министерот Изет Меџити се сретна со в.д. Градоначалник на Гостивар

Новости
Меџити денеска на работна средба го прими в.д. градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани
Министерот Изет Меџити се сретна со в.д. Градоначалник на Гостивар
04.09.2024
Меџити вети поддршка за три капитални проекти на општина Гостивар

Скопје, 04.09.2024 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска на работна средба го прими в.д. градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, со кого разговараа за проекти кои оваа општина ги реализира во насока на подобрување на животната средина, и проекти кои ќе се реализираат во соработка помеѓу цетралната и локалната власт, а кои имаат за цел подобрување на животниот стандард на гостиварци.

Меџити рече дека оваа средба се одвива во рамки на редовните средби што тој како министер за животна средина и прв вицепремиер ги одржува со градоначалниците на општините, а изјави дека за општина Гостивар, во оваа фаза, дадена е поддршка на три капитални проекти.

Разговаравме за проектите кои се во тек, за проектите кои ќе се реализираат во иднина и кои ќе бидат поддржани од владата, имајќи предвид дека децентрализацијата е на ниско ниво и секако дека општините имаат потреба од владина помош, ние ги поддржуваме проектот за фекална канализација од блок 2, многу важен за дел од градот Гостивар, најдовме можност да поддржиме и проект за најголемото село во Македонија Чегран, каде што треба да продолжи проектот за канализација вреден 1,3 милиони евра, и во оваа насока, покрај општината, ќе ја поддржиме и како Влада, а она што е најважно е што оваа влада даде важен стимул за децентрализацијата и во наредните четири години од нашиот мандат ќе бидат одвоени околу 1 милијарда евра за општински проекти, а секоја општина по методологија, според бројот на жители, ќе добие свој удел за конкретни проекти“, изјави Меџити за медиумите.

Општините, рече Меџити, во соработка со владината комисија ќе одлучуваат кои проекти се нивен приоритет, додека у.д. Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, изрази благодарност за безрезервната поддршка што ја доби од првиот вицепремиер и министер за животна средина, Меџити.

“Разговаравме за јавните повици  и средствата кои владата ги предвидела за општините, како и за проблемите со кои се соочуваме како општина, како што се блок-дотациите од МОН, блок дотациите од Министерството за одбрана исто така како и проекти за подобрување на условите за живот на граѓаните, особено за проектите поврзани со животната средина, квалитетот на воздухот и подземната инфраструктура“, рече в.д. градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани.

На средбата Меџити-Лимани стана збор и за децентрализацијата и идејата за преминување во нова фаза на фискалната децентрализација, што значи зајакнување на општините, подобрување на блок дотациите, имајќи предвид дека со зголемувањето на платите, средствата за превоз и инвестиции во училиштата се намалија.

Галерија
Submitted by alfa4 on 04.09.2024 - 17:51