Новости
Заменик министерката Ане Лaшкоска одржа средба со градоначалникот на општина Велес Марко Колев на која разговараа за состојбите со загадувањето на водите на езерото „Младост“.
06.08.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лaшкоска одржа средба со градоначалникот на општина Велес Марко Колев на која разговараа за состојбите со загадувањето на водите на езерото „Младост“.
На средбата се разгледаа направените анализи на квалитетот на езерската вода, се зборуваше за изворите на загадувањето, се разгледуваа надлежностите на општина Велес и водостопанското претпријатие, како и можните конкретни мерки за заштита на акумулацијата Младост и околните водотеци.
Заменик министерката Лашкоска истакна дека МЖСПП ќе ги следи состојбите, а останатите надлежни институции треба да ги исполнат своите обврски пропишани со закон.