(03-09.11.2013) Во организација на на UNECE (Економска комисија за Европа на Обединетите нации) и UNSD (Секторот за статистика на Обединетите нации), во Женева, Швајцарија се одржa работен состанок за индикатори за животна средина и мониторинг како и работилницата за статистики во областа на отпадот.
На состанокот учествуваа претставници од ЕЕССА земјите, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Швајцарија, Европска агенција за животна средина и останати меѓународни тела.
Работната група за Индикатори за животната средина и мониторинг во голема мера беше посветена на Индикаторите за животна средина. Имено, се направи преглед и ревизија на упатствата за примена на индикаторите за животната средина, понатаму се изврши прво читање и запознавање на предвидените индикатори за транспорт и животна средина. Имаше дискусија за националните системи за известување во врска со основниот сет на индикатори за животна средина.
На работилницата за статистики во областа на отпадот се дискутираше за најновите достигнувања во областа на статистиките на отпадот, како и разгледување на значајните проблеми, предизвици и прогресот направен во земјите од Југоисточна Европа, Кавказот и Централна Азија.
На состаноците како претставници од МИЦЖС присуствуваа Маргарета Цветковска, Советник за собирање, обработка, анализа и презентација на податоци за отпад и Катерина Николовска, Раководител на одделението за аналитика и известување, која имаше презентација за напредокот во областа на биолошката разновидност и прибирање и обработка на податоци за животна средина.