(18-19.06.2013 год.) Во Скопје се одржа гореспоменатата регионална работилница, организирана од страна на Европската агенција за животна средина( ЕЕА)/Тематскиот центар за води. Целта на состанокот беше запознавање со обврските кои произлегуваат од Директивата за третман на урбани отпадни води, потоа со алатката кое се користи за известување по истиот, како и за потребите за известување за емисии во води од страна на земјите од Западен Балкан.
Првиот ден имаше презентации за статусот на имплементација на Директивата за третман на урбани отпадни води и расположливите податоци за емисии во води од страна на учесниците на состанокот, додека вториот ден следеше обука за користење на алатката наменета за известување согласно барањата на гореспоменатата Директива, обука за известување на емисии во водите , како и утврдување на проблемите и предлог решенија за успешно известување согласно барањата на ЕЕА.