(04-06.06.2013 год.) Во Копенхаген – Данска, се одржa редовен работен состанок на Националните координатори (NFP) за соработка со Еврoпската агенција за животна средина. На состанокот учествуваа Светлана Ѓорѓева, Национален Координатор и Ристо Јордановски, Асистент Национален Координатор за соработка со ЕЕА.
Согласно дневниот ред, работните сесии се одвиваа во следните насоки: Преглед на работата на ЕЕА од страна на новиот Извршниот Директор – Hans Bruyninckx, и Преглед на Повеќегодишната работна програма на ЕЕА 2014-2018, односно документите - Анекс 1 од Повеќегодишната Стратегија на ЕЕА 2014-2018 и Анекс 2 Мапирање на структурата на Повеќегодишната Стратегија на ЕЕА 2014-2018.
Како дел од пленарните сесии беше и претставувањето на резултатите од Приоритетниот проток на податоци Мај 2012 – Април 2013 година, односно преглед на постигнатите резултати – за кои претставниците на земјите од Европа, укажаа на потребите, недостатоците и предизвиците кон унапредувањето на резултатите и оценките од страна на ЕЕА.
На овој состанок, се одржи и редовната координативна сесија помеѓу ЕЕА и претставниците од Западен Балкан, а беше направен преглед на регионалните активности во рамки на соработката со ЕЕА и се утврдија насоките за претстојните активности, обуки и работилници за јакнење на капацитетите на институциите во земјите од Западен Балкан.