Tематска работилница за Биодиверзитет - Анталија

Активности
22.11.2012

(20-22.11.2012) Во Анталија, Турција, се одржа тематска работилница за Биодиверзитет “Ecosystem Services Assessment and Capital Accounting”, на која учествуваше Г-дин Кадир Салих, национален тематски експерт од Република Македонија. Оваа работилница беше посветена на развиените експериментални вежби во однос на проценки на екосистемите и проценки на услугите од екосистемите во поширок контекст. Целта на работилницата беше, експертите од регионот да се запознаат со концептуалните структури за проценка на екосистемите и услугите, како и да се подигне свеста во однос на достапните тематски практики во Европа. Меѓу целите на работилницата беше и размената на искуства помеѓу националните експерти и зајакнување на соработката – со цел ефикасен иден придонес во работата на ЕЕА.

Submitted by almin on 22.11.2012 - 08:40