
(07.11.2012) Во организација на Министерството за енергетика, развој и заштита на животната средина на Србија, во Белград се одржа Конгрес за бучавата со тема „Бучавата во Србија – усогласеност со барањата на европската регулатива“.
Цел на состанокот беше да се претстават резултатите од Проектот за имплементација на Директивата за заштита од бучава 2002/49/EC, и да се направи паралела помеѓу националната легислатива и барањата на легислативата на Европската Унија. На Конгресот учествуваа голем број експерти од Србија, регионот и други европски земји, кои ги презентираа своите гледишта, ставови и искуства по ова прашање. На конференцијата како претставник од МИЦЖС присуствуваше Катерина Николовска, Раководител на одделението за аналитика и известување.
Презентациите од Конгресот можат да се најдат на следниот линк: http://www.serbiannoisecongress.eu/results/