

Работилницата беше посветена на информирањето на учесниците за статусот на работната програма GIO LAND и перспективите за планирање на активности кои се однесуваат на земјите од Европа, кои што придонесуваат за успехот на работната програма. На работилницата се дискутираше за потребите на земјите и капацитетите во однос на GIS слоевите со висока-резолуција, за кои ќе биде побарано од земјите членки и соработнички – да направат верификација и подобрување на податоците и содржините на овие GIS продукти. Сите експерти кои што учествуваат на работилницата се запознаени со активностите од страна на ЕЕА, и напорите да се вклучат сите земји од Европа во тековните активности – за кои дополнително земјите ќе бидат известени во однос на договорните постапки за извршување на проектните активности од GIO Land програмата.