Работилницата беше посветена на информирањето на учесниците за статусот на работната програма GIO LAND и перспективите за планирање на активности кои се однесуваат на земјите од Европа, кои што придонесуваат за успехот на работната програма. На работилницата се дискутираше за потребите на земјите и капацитетите во однос на GIS слоевите со висока-резолуција, за кои ќе биде побарано од земјите членки и соработнички – да направат верификација и подобрување на податоците и содржините на овие GIS продукти. Сите експерти кои што учествуваат на работилницата се запознаени со активностите од страна на ЕЕА, и напорите да се вклучат сите земји од Европа во тековните активности – за кои дополнително земјите ќе бидат известени во однос на договорните постапки за извршување на проектните активности од GIO Land програмата.
Shpallje
29.06.2012
(28-29.06.2012 год.) Во Копенхаген – Данска, се одржа работилница за Географски информациски системи, во рамки на GIO LAND програмата на Европската агенција за животна средина. На оваа работилница учествуваше Часле Тошевски, претставник од Секторот за Просторно планирање при Министерството за животна средина и просторно планирање.